Пред околу еден час во Градски Парк полицијата ја приведе девојката која објави видео на социјалните мрежи како пуши џоинт. На девојката и пристапија двајца полицајци кои откако ја легитимираа ја спроведоа во возило па во полициска станица. Сведок на настанот беше и новинарката на Досие.мк Кристина Мачкиќ која од зад грб ги фотографирала полицајците. Тие и од неа побарале да се легитимира. Иако немаат право на јавно место да присилуваат новинар кој е на задача да брише материјал сепак инсистираа на тоа иако новинарот се понуди со нив да замине во станица. За случајот ќе биде известено и новинарското здружение.
Полицијата ја приведе девојката која јавно пушеше џоинт во Скопје

