Поостри мерки против короната, носење маски на отворено и високи казни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека есенва може да се очекува нов бран на корона вирусот, по што најави дека е можно повторно воведување на рестриктивни мерки. Филипче тврди дека вирусот е се поприсутен меѓу работноспособното население и луѓето кои имаат активен социјален живот.

„Од анализите на новозаразените може да се заклучи дека главната причина е поради непочитување на мерките, собири, групирања, свадби и опуштање на граѓаните. Ризикот кој го носи есента е аларм, за сериозно почитување на мерките, поради што веќе се засилени контролите за спроведување на мерките и протоколите. Апелирам состојбата да се разбере многу сериозно, рече Филипче.

Тој истакна дека се анализира евентуално воведување на нови мерки.

-Целта е да се избегнат рестрикции на движењето, кои би ја закочиле економијата, но доколку е нужно и тоа ќе го направиме. Размислуваме за задолжително носење на маски и на отворено, силни казни за семејни прослави, ограничување на бројот на гости во угостителските објекти…, рече Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави