Приведен газда на ресторан за кршење на мерките против корона

Припадници на Полициската станица Гостивар вчера после 17 часот го лишиле од слобода М.И.(32) од с.Добридол, гостиварско, сопственик на угостителски објект во село Добридол, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба.

Total
0
Shares
Поврзани објави