Три лица биле снимени од безбедносните камери како тајно се приближувале кон четирите камиони и намерно ги запалиле, трага која ја испитува полицијата, дознава „Алсат М“.
Сопственикот пред полицијата рекол дека се сомнева дека пожарот е подметнат. Тој вели дека има оштета од 90 илјади евра.
Сопственикот на соседната компанија ме извести за часот. Имав два пропуштени повици во 22:23 и 22:28 часот. Ги повикав околу 22:31 часот. Веднаш дојдов тука и во тој момент имаше пожарникари и полиција и не можев да влезам со автомобил затоа што пожарот беше многу голем, изјави сопственикот Дуплек Насер за телевизијата.
Од МВР потврдија дека биле запалени камиони со приколки во населбата Бутел. Изгорела и приколка без камион, а пожарот делумно оштетил уште шест камионски приколки.