Продолжено лето со температури до 36 степени

Територијата на нашата држава веќе подпадна под влијание на висок воздушен притик (антициклон) кој продира од југ и со себе носи топла и сува воздушна маса која во следните денови ќе условува претежно сончево и право топло летно септемвриско време повремено со умерена локална облачност.
Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој најмногу ќе биде изразен долж Повардарието и во источните предели од државава но и покрај ветерот нема да има никаков пад на температурите на воздухот па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Некаде од средината на новата недела која е пред нас. а особено за време на следниот викенд истите во југоисточните предели можно е да се искачат дури до околу 35, 36 степени со што веќе овие температури би навлегле во оние кој ќе бидат над просекот за овој дел од годината.
Сите оние кои се лубители на плажирањето слободно и во текот на овој месец можат истото слободно да го продолжат и да уживаат во прекрасното време кое не очекува во новата недела која што ни е на прагот.

Total
0
Shares
Поврзани објави