Прогласена епидемија на жолтица во Ѓорче Петров

Министерството за здравство прогласи епидемија на заразна жолтица во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, каде од вкупно пријавени девет случаи од 11 ноември до 23 овој месец, седум случаи се епидемиолошки поврзани.

И во општина Шуто Оризари се регистрирани две епидемиолошки поврзани случаи, односно две сестри се заразени со жолтица, но нема индикации за пријавување на епидемија во Општината.

Во периодот од 01 септември до вчера, 26 декември, на подрачје на Скопје регистирани се вкупно 68 случаи на заразна жолтица од кои 48 случаи се диференцирани како вирусен хепатитис А и 20 случаи се вирусен неозначен хепатитис.

Во споредба со 2016 година, забележан е зголемен број на случаи. Пред три години биле регистрирани шест случаи, 2017 – 35 случаи и 2018 година – 28 случаи.

Најголем број случаи оваа година се регистрирани во Сарај – 16, Ѓорче Петров – 11 случаи, Аеродром и Гази Баба – 9 случаи, во Шуто Оризари – 6 случаи, Карпош – 5 случаи, Чаир – 4 случаи, Чучер Сандево – 3 случаи, во Центар – 2 случаи, Бутел, Кисела Вода и Зелениково по еден случај.

Од вкупно 68 заболени лица, најголем број (29) се на возраст од 20-64 години, 7 на возраст од 0-5 години, 14 се ученици на возраст од 6-14 години, 16 се лица на возраст од 15-19 години и 2 се над 65-годишна возраст.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се следат препораките за санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави