Личните предмети на Стивен Хокинг продадени за 1,8 милиони фунти – приходите наменети за борба против АЛС

Личните предмети на физичарот Стивен Хокинг, кој почина во март оваа година на 76 години, беа продадени на аукција за повеќе од 1,8 милиони фунти, соопшти аукциската куќа „Кристи“.

На продажба биле ставени 22 предмети на англискиот професор, меѓу кои и најстарата инвалидска количка која ја користел Хокинг, која била една од првите моторизирани во историјата, која се продала за цена од 300 илјади фунти.

Приходите од продажбата на инвалидската количка ќе се проследат до неговата фондација и здружението за борба против Амитрофична латерална склероза (АЛС), која поголемиот дел од својот живот ја имаше Хокинг.

Сепак највисока цена на аукцијата достигнал неговата докторска дисертација „Својствата на ширењата на универзумите“ од 1965 година, која била продадена за 584 илјади фунти.

Најпознатата книга на Хокинг, „Кратката историја на времето“, потпишана со отпечаток од прст на авторот во 1988 година, продадена е за скоро 69 илјади фунти, а сценариото за епизодата на „Симпсонови“, во која се појавил славниот физичар и космолог, продадена е за нешто повеќе од 6 илјади фунти.

Професорот Хокинг е првиот што ја постави теоријата за универзумот како збир на релативитетот и квантната механика. Преку својата работа со математичар Сер Роџер Пенроус тој покажа дека општата теорија на релативноста на Ајнштајн имплицира дека просторот и времето би имале почеток во Биг Бенг, а крај во црните дупки.

Тој, исто така, откри дека од црните дупки излегува енергија и исчезнува во празно – феномен кој подоцна ќе биде наречен Хокинг зрачење.

Хокинг беше познат и како „чудо на природата“, бидејќи успеал да ги побие сите лекарски предвидувања дека ќе има кус живот, откако на 22 годишна возраст му била дијагностицирана АЛС, редок вид болест на невролошкиот систем.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бранко Црвенковски: „Македонија е корумпирана држава, нема еднaквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството”

Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски денеска од говорницата во МАНУ презентираше анализа за состојбите во државата во…