Прва тужба за учебник од високо образование – жената е обвинета за виновник за разводи, истополиви врски се забеганост …

Коалицијата „Маргини“ и Мрежата за дискриминација поднесоа тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од професорот Благоја Јанаков. Ова е прва тужба против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Коалиција Маргини и Мрежа за заштита од дискриминација ја поднесоа првата тужба против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Тужбата е за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологијата 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, кој се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при УКИМ.

‼

Вознемирувачките содржини вклучуваат: обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременоста и квалификувањето на истополовите партнерства како забеганост. Бараме оваа содржина да биде отстранета и заменета со современа и научно-заснована содржина.Дел од спорните содржини можете да прочитате на сликите подолу

👇

Целото наше соопштение е достапно на македонски и на албански јазик на: http://coalition.org.mk/прва-тужба-против-учебник-од-високо-об/

ℹ

Ја инфомираме јавноста дека, покрај судската постапка, започнуваме со серија активности за подигнување на свеста на стручната и општата јавност за потребата од реформи во образованието со кои ќе се обезбеди квалитет во знаењата, напредок во науката и создавање нови генерации на вистински професионалци кои во својата професија ќе се водат од фактите, а не од предрасудите. Содржината е дел од проектот „Унапредување на еднаквоста преку следење и зајакнување на системот за спречување и заштита од дискриминација“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.#ЗаПодоброОбразование#АкадемскиБисери

Total
0
Shares
Поврзани објави