Првото бебе во Новата година е машко

Првото бебе кое се роди во 2019 година е машко и е прва рожба на 25-годишната мајка Александра Ангеловска од Скопје. Бебето е тешко 3900 грама и долго 52 сантиметри.

,,Бебето се роди 1 минута после полноќ, беше карлично поставено и породувањето беше изведено со царски рез. Измината ноќ имавме доста работа, комплицирани итни случаи. Но,тимот на гинекологија успеа да се справи со предизвиците и сите родилки и бебиња се добро“ изјави Игор Самарџиски лекар на гинекологија.

Тимот предводен од министерот за здравствео Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, ги посетија мајката и бебето и им посакаа многу здравје.

Царовска на мајката ѝ додели златник, а Град Скопје штедна книшка со 20.000 денари, плишано мече и бонбониера.

На Гинекологија во Скопје изминатата ноќ се родиле 7 бебиња. Во текот на минатата година биле родени вкупно 4630 бебиња.

текст и фото : Makfax.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Клиника за детски болести: Постапено е според протоколите за дијагностика и лекување, детето е родено со Даунов синдром

ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје во демант испратен до медиумите тврди дека е добро запознаена со случајот…
Повеќе

Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“ Здравјето е основно човеково право загарантирано…