Работникот од „Суводол“ загинал откако паднал со булдожер во бездна

Работникот Вецко Костадиновски починал откако блудожерот што го управувал се превртел во бездна, во рудникот за јаглен „Суводол“ на РЕК Битола, велат првичните информации.

Директорот на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, тврди дека работникот извршувал редовна работна задача – поместување на транспортна лента за јаловина.

„Трагичниот настан се случил во ноќните часови, во текот на третата смена“, вели Ќурчиевски и додава дека булдожерот бил во исправна состојба и со извршен редовен сервис.

Надлежните уверуваат дека несреќата нема врска со санационите активности по поплавата.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, најави дека ќе се формира комисија која ќе го истражи настанот и ќе се земат предвид сите околности.

„Настанот е случен во движење, на место оддалечено од другите работни позиции и тоа уште повеќе ни отежнува во овој момент за да дознаеме која е вистинската причина за оваа трагедија“, вели Ковачевски.

По итниот состанок на Управниот одбор на АД ЕСМ и стручниот колегиум на РЕК „Битола“, Ковачевски изрази длабоко сочувство до семејството на починатиот.

„ Загубивме чесен и вреден работник, често наградуван, кој беше пример и беше секогаш на ниво на своите задолженија. Како компанија ќе преземеме сè да му помогнеме на семејството и неговите најблиски во овие најтешки моменти за нив и ќе бидеме тука и во иднина“, изјави Ковачевски.

Полиција, истражен судија и обвинител, извршија увид на лице место, по што ќе бидат утврдени околностите во кои се случи несреќата. Телото на покојниот е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави