Русковска: Во веледрогеријата Пановски не се врши претрес, се одзема документација

Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево, по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, влегле во веледрогеријата Пановски. Сепак обвинителката Вилма Русковска за “Фокус” појаснува дека не се врши претрес, туку се одзема документација.

Се постапува по наредба на обвинителството, но не се врши претрес, туку се одзема документација, ни изјави обвинителката  Русковска.

Истрагата е отворена во врска со паралелниот увоз на лекови од Турција.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Ацо Колевски – обвинителот кој побара укинување притвор на Кочан додека беше во бегство, нов претседател на Советот на јавни обвинители

Едногласно без противкандидат и зад затворени врати членовите на Советот на јавните обвинители го избра обивнителот Ацо Колевски…