САСА ќе го чисти јаловиштето од коритото на Каменичка река

Рудникот САСА итно ќе почне со санација на последиците од краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот Каменичката река, што се случи на 14 септември.

–Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито, за што компанијата подготвува план и соодветна документација. Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица – соопштија од САСА.

Исто така, ќе се изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Тие ветуваат дека ќе ги искористат светски технологии и стандарди и ќе ги направат сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори, за што веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“.

Total
0
Shares
Поврзани објави