Судскиот совет пресуди 7 години и 6 месеци затвор за дедото на малата Тамара кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров.
„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“, ова го кажа Љупчо Стојановски пред да ја чуе пресудата. Бараше поблага казна или ослободителна пресуда разочаран оти ја нема омилената внука но и целото семејство. Не е во добра здраствена состојба особено отка дозна дека родителите на тамара се отселија од Македонија и немаат намера да се вратат.
Вели дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука. Стојановски тврди дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа. Дедото на Тамара веќе една година е во затвор.
Малата Тамара почина на 9. февруари 2015 година, а се бореше со тежок деформитет на р’бетот.
Поврзани објави
Роднини на починати пациенти го пречекаа Жан Митрев пред судот со транспаренти: „Мојот Никола не е статистички број, барам правда“:
Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого…
Врховен суд со кривична за Неделкова, ја сомничи за фалсификување документи поврзани со работата на СЈО
Врховниот суд денеска соопшти дека поради сомнеж за фалсификување документи од поранешниот пртеседател на судот Лидија Неделкова ,…
На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово: Обвинителството бара казни, одбраната очекува слобода
Според Обвинителството, двајцата обвинети директори имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го исполниле. За обвинетиот…
ФОТО: Катица заврши со распитот почна со вечерата
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по вчерашниот неколкучасовен исказ во Обвинителството, беше видена на прошетка на кејот на…