Врховен ја потврди 4-годишната казна затвор за Сеад Кочан

Врховен ја потврди одлуката на Апелацискиот суд со која бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на 4 години и 8 месеци затвор.

Според соопштението на Врховен барањето за вонредно преиспитување на пресудата е неосновано со што се потврдува одлуката за казна затвор изречена од Апелациниот суд.

Кочан мината година на 31 август беше спроведен на издржување на затворската казна во затворот Идризово.

Тој е прогласен за виновен за учество на тендер со лажна документација пред државната компанија ЕЛЕМ (сега ЕСМ) во вредност од 17 милиони евра за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Рускоска го цитираше Гоце Делчев: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот…”

Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во оваа судница изготвиле план со намера за загрозување на уставниот…