Села: ДУИ им помага на СДСМ и ВМРО да создадат етничка чиста држава

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во гостување на албанската телевизија РТВ Орањуз изјави дека македонските партии сакаат да направат етнички чиста држава и дека во тоа им помага ДУИ. Тој ова го објави на својот Фејсбук профил.

– Македонските партии имаат интерес да направат етнички чиста држава во мултиетничка реалност. Македонија зависи од двата главни народа, Албанците и Македонците. Политиката од последните 30 години ги натера да градат своја национална држава. Заедно со ДУИ, тие успеваат, затоа што стапката на емиграција на Албанците е многу висока. Луѓето заминуваат затоа што се разочарани. Последните избори што ги добија беа украдени, бидејќи се занимаваа со закани и уцени за отпуштања.Ние стигнавме до 12 пратеници. Немавме членови на комисијата на избирачките места и тие манипулираа со гласањето – напиша Села. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави