Шилегов бара Чаир да ја сруши дивоградбата кај Мавровка

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов смета дека општина Чаир треба да најде начин и модалитет за рушење на дивоградбата кај Мавровка.

Според него постои и опција државниот градежен инспекторат да преземе активности и ингеренции за отстранување овој објект.

„За да не дојде во иднина до вакви случаи градежните инспектори треба да се префрлат во Градот, односно Општините да ги издаваат градежните дозволи, а Град Скопје да ги инспекторира градбите. Тоа е концепт кој ќе спречи дивеење низ градот“, рече Шилегов.

Општина Чаир објави трет тендер за избор на фирма за отстранување на нелегално изградени објекти на територијата на општината. откако на првите два тендери не се јави ниту една фирма сега општинарите ја зголемија проценетата вредност за договорот од еден на два милиони денари. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Одлуката за отворање на границите е тешка, појавата на новите случаи со ковид-19 може да се менаџираат со рана детекција, вели Фабио Скано

„Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “, рече Скано.