Напуштеното бебе кое беше оставено во Битола пред домот за доенчиња е дете на малолетна тетовчанка потврдија од полицијата. Мајката наскоро ке наполни 18 години. Напуштеното новороденче е во одлична здравствена состојба, јаде, спие и напредува потврдија од Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Детето било однесено на преглед на Детското одделение во болницата, каде и првично било прегледано и е констатирано е дека бебето е во одлична здравствена состојба и напредува.
До мајката и двајцата мажи кои и помогнале да се ослободи од детето полицијата дошла по првичните сомневања според штипката на папочната врвца на бебето. Сината штипката на папочната врвца бил првиот заклучок за истрагата дека бебето не се родило во Битола, бидејќи во оваа болница се користат бели штипка за папочната врвца кај новороденчињата. Се претпоставуваше дека можеби е од Прилеп, но по прегледувањето на документацијата во болницата и оваа можност отпадна. Полицијата неколку дена ги прегледувала сите снимки од околни објекти околу домот за доенчиња. На снимката се гледа автомобил како застанува пред домот и двајца мажи го даваат детето на минувач. Истрагата ја доведе полицијата до тетовската болница. Во моментов се расчистува коплетно случајот и се очекува пријави против сите инволвирани.
Поврзани објави
Додека била во самоизолација возела пијана со кокаин и куршуми
Кривична пријава е поднесена против Т.Г.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување…
МНР потврди: Загинатите во несреќата во Италија се на 30 и 31 година
„Во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со…
Три лица затруени во јама во рудник кај село Добрево
На 30.04.2023 во 11,30 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во Итната медицинска помош Пробиштип биле…
Почина македонскиот актер Гоце Влахов
Почина македонскиот актер Гоце Влахов, еден од големите актери во Македонија. На социјалните мрежи се огласија неговата сопруга…