Додека била во самоизолација возела пијана со кокаин и куршуми

Кривична пријава е поднесена против Т.Г.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на 13.06.2020 година на ул,,Т.Паунов“ била затекната во возило „пасат“ и при прегледот кај неа била пронајдена бела прашкаста материја и три куршуми-малокалибарска муниција. Таа била под дејство на алкохол и лишена била од слобода по што била однесена во домот на нејзината тетка каде била обезбедувана од полициски службеници од Полициската станица Кочани се до нејзиното сместување во задолжителен државен карантин.

Пријавената од 11.06.2020 до 13.06.2020 во повеќе наврати го напуштила домот каде требало да биде под здравствен надзор и домашна изолација за кое и било издадено решение од ДСЗИ, ПЕ Кочани.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Убиство во Ново Лисиче

СВР Скопје – Единица за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С.(28) од…