Штрајк во “Идризово”, директорот не потпишува предвремен отпуст

Затвореник во најголемиот затвор во државата Идризово започнал штрајк со глад оти не добил Член од Затворот за предвремен отпуст. Затвореникот одбива храна и вода. Здраствената состојба му е влошена, но е решен да истрае до крај. Секој ден добива поддршка од другите затвореници кои најавуваат дека ќе му се придружат во штрајкот. Затворениците за dosie.mk велат дека револтот е голем оти ова право во затворот се спроведува селективно од Управата на установата.
Согласно Законот за извршување санкции Директорот на Установата со посебен акт ги уредува критериумите за предвремен отпуст. Нов акт во Идризово нема од декември 2011.
Осудените укажуваат на селективност на “подобни” кои добиваат “член” и се ослободуваат и “неподобни” кои сеуште чекаат.
“Можно ли е директорот да не знае за ова? Можно ли е да го манипулираат “домаќините” од Управата, токму оние кои и се виновни за состојбите и корупцијата во затворот? Ќе биде ли ова уште еден начин за полнење џебови?”…пишуваат осудениците.
Проблемот овој пат е што шеесетина осудени лица пред ослободување чекаат Директорот да ги потпише предлозите за предвремено отпуштање ( кај осудените познато како член) и тоа за казна до 1 година 30 дена, казна од 1-5 години 90 дена и за казна над 5 години 120 дена. Право на овој отпуст имаат сите осудени лица освен тие кои добиле условен отпуст.
Дека праксата во затворот продолжува и по смената на власта укажува и фактот дека токму ваков проблем со непотпишување на “член” имаше и Љубе Бошкоски, кога беше на издржување на затворска казна.
Деновиве на социјалните мрежи беа објавени фотографии од санитетско возило кое го добил затворот на користење. Информацијата ја објавија од партијата ЛДП матична партија на директорот на Установата и нагласија дека возилото е добиено по негово сериозно ангажирање. Санитетското возило е старо и користено 15 години, а е неизвезно уште колку ќе може да биде во возна состојба.
Затворениците загрижени за своите основни човекови права секојдневно информираат за неправилности во затворите и прашуваат : Дали ќе има крај на ова бреме и мачнина?

Total
0
Shares
Поврзани објави