Шутка се празни Камчев, Јанакиески, Божиновски, Панделески одат дома, за Мијалков ќе се почека уште некој ден

Орце Камчев, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Цветан Панделески доколку Апелациониот суд донесе денес одлука да излезат од притвор. За нив е прифатен куќен притвор и тоа од Специјалното јавно обвинителство. Апелациониот суд нема рок за одлука но вообичаено Кривичниот совет кој за вакви барања е во постојано заседавање и за очекување е до крајот на работното време да биде соопштена одлуката.

Во исто време Кривичниот совет но во Основниот суд 1 во Скопје го чека мислењето на СЈО за Сашо Мијалков и неговата гаранција. СЈО за него не пратило мислење но со оглед дека е дел од предмети поврзани со другите осомничени и притворени се очекува дека и тој ќе добие куќен притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави