СЈО: Oтворени се 3 нови истражни постапки против вкупно 26 лица

Специјалното јавно обвинителство објави шест месечен извештај за неговата работа во кој дава детали околу неколку предмети кои постојано се одложуваат, отворање на нови истраги и најавува дека до 2020 годинина ова обвинителство би требало да се инегрира во редовното обвинеителско како посебно кое ќе гони криминал и корупција на функционери.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛОСНИОТ ИЗВЕШТАЈ :

Согласно член 7 став 2 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија бр.
159/15) на 15.09.2018 година го поднесувам следниот (шести) :

И З В Е Ш Т А Ј

за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на
комуникациите за период од шест месеци
(за периодот од 15.03.2018 до 15.09.2018)

I. Карактеристики на шестиот извештаен период

Шестиот извештај за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (во натамошен текст ова Јавно обвинителство) за периодот 15- ти март 2018 година до 15-ти септември 2018 година претставува одраз и потврда на континуитетот во работата на ова Јавно обвинителство од неговото формирање заклучно со поднесувањето на овој Извештај.

Ова особено доколку се има во предвид дека во овој извештаен период конечно започнаа судските рочишта по сите обвиненија поднесени од страна на ова Јавно обвинителство и одобрени од страна на судот.

Пресудите донесени во текот на шестиот извештаен период против 3 лица во 2 различни предмети, како и пресудите донесени од страна на Апелациониот суд Скопје со кои се потврдени првостепените пресуди против вкупно 5 лица ја потврдија оправданоста на поднесените обвиненија во смисла на кривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите.

Имајќи предвид дека во претходните два извештаи ја потенциравме важноста од воспоставувањето на судска пракса преку донесување на решенијата од страна на Апелациониот суд Скопје со кои аудио материјалите претставуваат дел од доказниот материјал и може да се користат како докази во судските постапки, подеднакво важно обележје на шестиот извештаен период е изведувањето на аудио материјалите предложени како докази кон обвиненијата поднесени од страна на ова Јавно обвинителство.

Во оваа насока, значајно е да истакнеме дека до поднесување на овој Извештај, во судските постапки по предметите кои ги застапува ова Јавно обвинителство во рамки на одржаните рочишта изведени се вкупно 619 аудио материјали. Несомнено дека изведувањето на аудио материјалите како докази во судските постапки, го потврдуваат фактот дека врз основа на законските одредби аудио записите од телефонските разговори се внесени во домашниот правен поредок и ова Јавно обвинителство има обврска за ефективно и темелно истражување на сериозните повреди и прекршувања и санкционирање на сторителите во рамки на својата законска надлежност по однос на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Уште повеќе, репродуцирањето на аудио снимките кои се само еден дел од доказите во предметите кои се во наша надлежност и овозможуваат на пошироката јавност директно да ги слушне мотивите од кои обвинетите се воделе при вршење на различните видови злоупотреби на институционалните капацитети и ресурси.

Покрај интензивното учество на јавните обвинители во ова Јавно обвинителство на рочиштата закажани од страна на судот, прегледот на активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите содржани во овој Извештај покажува дека човечките капацитети на ова Јавно обвинителство во изминатиот период беа првенствено насочени кон превземање на сите потребни дејствија во насока на завршување на што поголем број од предистражните постапки кои беа претходно отворени, а со цел донесување на соодветни јавнообвинителски одлуки. Како што веќе истакнавме и во претходниот извештај и во оваа прилика важно е да потенцираме дека во надлежност на ова Јавно обвинителство се предмети кои се од пошироко општествено значење и во кои откривањето и утврдувањето на вистината е од исклучителен јавен интерес и интерес за граѓаните. Во оваа насока, ова Јавно обвинителство како и досега вклучително и во рамки на овој извештаен период ги употреби сите законски расположливи механизми од кои значаен дел опфаќаа и инструментите за остварување на меѓународната правна помош, но и зајакнување на меѓународната правна соработка.
Како резултат на прибавувањето на предмети во рамки на нашите законски надлежности од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во текот на овој извештаен период во законски предвидениот рок донесени се Решенија за воспоставување на наша надлежност и истите се припоени или се отворени нови предистражни постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство. Цениме дека е од особен интерес за јавноста да информираме дека во периодот од 15-ти март до 15-ти септември 2018 година по превземање на предметите од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција воспоставена е наша надлежност над предметите познати во јавноста како МОНСТРУМ и СКОПЈЕ 2014. Исто така, во текот на овој извештаен период ова Јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт во предметот познат во јавноста како СОПОТ, а со оглед дека ниту еден доказ не ги поврзуваше обвинетите со кривичното дело, при што од страна на ова Јавно обвинителство се превземаат истражни дејствија насочени за откривање на сторителот на предметното кривично дело.

Во текот на шестиот извештаен период отворени се 3 нови истражни постапки против вкупно 26 лица.

Она што е потенцирано и во сите претходни извештаи од самото формирање па до денес е значењето на истражителскиот тим на ова Јавно обвинителство, како еден од столбовите во организационата и структурална поставеност како ефикасен и успешен пример кој вклучува заеднички пристап на работа, а се темели на цврстата координација воспоставена меѓу јавните обвинители и истражителите доделени за работа во ова Јавно обвинителство. Покрај тоа, сериозноста и обемноста на преземените дејствија во рамки на предистражните постапки во овој извештаен период вклучително од аспект на истражителскиот тим придонесе за постигнување значаен напредок во голем дел од предметите во фаза на предистражна постапка.

Резултатите кои ова Јавно обвинителство ги има постигнато согледани низ призмата на поднесени и одобрени обвиненија, закажувањето или започнувањето на судските постапки, донесувањето на првите пресуди, но и бројот на активни предмети во работа се резултат на континуираната заложба и посветеност на целокупниот тим на ова Јавно обвинителство. Ова особено заради тоа што тимот на ова Јавно обвинителство остана одлучен пред сите предизвици и препреки со кои досега се соочивме и во континуитет го задржа мотивот, но и посветеноста да продолжи се со цел да ја исполниме мисијата која ни е доверена, да се справиме со неказнивоста и да обезбедиме владеење на правото во Република Македонија.
Континуитетот во истражувањето на комплексни кривични дела од страна на ова Јавно обвинителство е евидентен доколку се разгледува структурата по кривични дела кои се водат пред ова Јавно обвинителство, а кои во најголем дел се кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, злоупотреби на постапки за јавни набавки, кривични дела против изборите и гласањето сторени во неколку изборни периоди, како и комплексните финансиски истраги но и предметите во кои се истражува перењето на пари. Уште повеќе, сето претходно наведено несомнено упатува на фактот дека истражувањето на ваквите кривични дела, особено финансиските истраги кои сеуште се во фаза на предистражни постапки ја налагаат потребата од прибавување на обемна документација која вклучува опсежни и сеопфатни материјални докази, употреба на меѓународната правна помош во предметите, сослушување на голем број сведоци, како и обезбедување на неопходните вештачења.

Ова јавно обвинителство е на ставот дека во периодот до истекување на законскиот мандат на ова Јавно обвинителство треба единствено да се направат соодветни подготовки за прилагодување на законските норми со кои би се овозможила интеграција на ова Јавно обвинителство во Јавното обвинителство на Република Македонија. Од овие причини сметаме дека по 2020 година со имплементација на соодветни законски решенија кои би се донеле е потребно на ова Јавно обвинителство како самостојна институција во јавнообвинителскиот систем на Република Македонија да му се овозможи автономност во постапувањето, и тоа не само по делата од сегашната негова надлежност, туку да добие надлежност и за гонење на кривични дела на корупција од висок профил.

Неопходно е да потенцираме дека нашата подготвеност во соодветни судски постапки да ги докажеме кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија беше оневозможена заради незапочнувањето на судските постапки по одредени предмети во подолг временски период, односно одлагањето на рочиштата во дел од предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незконското следење на комуникациите. Дополнително, обврската за редовно информирање на јавноста во однос на напредокот на предметите по кои постапуваме ни налага да ја информираме јавноста и за причините поради кои сме оневозможени да постигнеме напредок во постапувањето.

Во оваа смисла, иако и е веќе добро познато на пошироката јавност неопходно е да го истакнеме одлагањето односно незапочнувањето на судењето за предметот ТАРГЕТ/ТВРДИНА во однос на кој ова Јавно обвинителство обезбеди цврсти пред се материјални докази во поткрепа на обвинението за тоа кој, на кој начин и за кои цели незаконски прислушувал во Република Македонија. Особено е важно да потенцираме дека по однос на ова обвинение од вкупно закажани 6 рочишта, 5 беа одложени. Причините за одлагање се пред се заради недостапноста на двајцата клучни обвинети во предметот. Дополнително, иако обвинението беше одобрено во текот на месец септември 2017 година, главната расправа по истото започна дури по една година, односно на крајот на август 2018 година. Наведеното е исклучително важно да го потенцираме имајќи предвид дека суштината на овој предмет претставуваше појдовна точка за формирање на Специјалното јавно обвинителство.

Во оваа прилика сметаме дека е потребно да појасниме дека причините за ваквиот тек на предметот не може да се бараат во постапувањето на ова Јавно обвинителство, туку напротив загрижувачки претставува фактот што истите се наоѓаат во највисоката инстанца во правосудниот систем односно институцијата која треба да претставува чувар на правната сигурност и треба да има улога на коректив во судските постапувања, а тоа е Врховниот суд.

Праксата на одлагање на судските рочишта во изминатиот период беше евидентна во поголем дел од предметите на ова Јавно обвинителство кои се во судска постапка. Сепак, значајно е да го издвоиме предметот ТИТАНИК кој не само што претставува прв предмет на ова Јавно обвинителство туку воедно и најобемно обвинение за кое во изминатиот период од вкупно закажани 12 рочишта одржани се само 7. Причина за загриженост претставува фактот што се чини дека недоволно сериозно се зема во предвид временскиот период потребен да се заврши судската постапка во овој предмет согледувајќи ја динамиката на закажување на рочишта од страна на судот по овој предмет, особено имајќи го предвид податокот дека овој предмет содржи 1063 аудио снимки кои е потребно да се изведат како докази во текот на судската постапка.

Уште повеќе, со анализата на аудио материјалите, смс пораките и транскриптите доставени до ова Јавно обвинителство утврдено е несоодветно судско постапување како еден од начините за поткопување на темелните вредности на Уставниот поредок на Република Македонија за владеење на правото и поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Ова особено од причини што довербата на граѓаните во независно, непристрасно и ефикасно судство кое е ослободено од политички влијанија и притисоци, обезбедување на владеење на правото и обезбедување еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите, а особено стручноста, совесноста и личниот интегритет на судиите се основните принципи на демократско функционирање на судскиот систем и истите претеставуваат основен предуслов за квалитетот на правдата и правораздавањето. Воедно, сметаме дека неопходно е да се има предвид и ставот на Венецијанската комисија на Советот на Европа дека во рамките на судскиот систем во секоја правна држава треба да постојат јасни параметри кои ќе ја разграничуваат индивидуалната одговорност на судијата од одговорноста на судскиот систем во целина. Ако за судиите независноста на судството треба да биде нивна обврска, за граѓаните тоа е нивно право, кој пристап почива на разбирањето дека поделбата на власта и неговата заштита од страна на судството е право кое им припаѓа на граѓаните.

II. Човечки ресурси и оперативни активности во предметите во ова
Јавно обвинителство

II.1 Човечки ресурси

Резултатите постигнати од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до поднесувањето на овој Извештај имајќи го притоа предвид кредибилитетот кој успеавме да го изградиме како и статусот и препознаеноста на оваа институција во домашни, но и во меѓународни рамки и во овој период ја потврдија успешноста на воспоставениот концепт на организациона и структурална поставеност како еден од важните предуслови за исполнување на основната мисија на ова Јавно обвинителство. И во овој Извештај неопходно е да истакнеме дека сето постигнато досега е резултат на тимската работа преку концепт на заедничка работа на јавните обвинителите со истражителите, стручните соработници, економските советници и ИТ одделението, а која поставеност и континуирано развивање и усовршување даде исклучителен придонес во резултатите постигнати од страна на Јавното обвинителство со кое раководам.

Согласно Правилникот за систематизација и организација на работните места во ова Јавно обвинителство, а со цел совладување на утврдениот обем на работа во текот на извештајниот период по пат на објавување на јавен оглас од 1-ви јули 2018 година пополнети се 13 работни места.

II.2. Оперативни активности и работа на предмети

Карактеристиките на работата на ова Јавно обвинителство во предистражните и истражните постапки и воспоставениот концепт опфаќаат координиран пристап на работа на истражителскиот тим доделен за работа во ова Јавно обвинителство во тесна соработка со јавните обвинители.

Истражителскиот тим на ова Јавно обвинителство од 23 припадници на правосудната полиција доделени за работа во ова Јавно обвинителство од Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција претставува еден од столбовите во поставеноста и иницијативата за преземање на сите дејствија во рамки на законските овластувања. Истиот и во текот на овој извештаен период во рамки на законските овластувања во однос на сите предмети кои се водат пред ова Јавно обвинителство има преземено вкупно 2744 дејствија кои опфаќаат изготвување на различни акти и службени белешки, различен опфат на оперативни активности,увид во документација на правни субјекти, учество во претреси, учество во сослушување на сведоци, осомничени и обвинети, изготвување на финансиски анализи на документи и слично.

Во текот на извештајниот период во рамки на постапувањето по предметите кои се водат пред ова Јавно обвинителство преземени се вкупно 4209 дејствија.

II.2.1 Предистражни постапки

Во текот на извештајниот период отворена е предистражна постапка за за 81 предмет. Од нив 14 предмети се формирани по сопствена иницијатива, а 67 предмети се формирани врз основа на пријави од други подносители. Вклучувајќи ги претходно отворените 182 активни предистражни постапки во ова Јавно обвинителство, од кои по сопствена иницијатива се формирани 128 предмети, во моментот се во работа вкупно 263 предистражни постапки. Од овој број на предистражни постапки решени се вкупно 101 предмети, од кои 81 предмет се формирани врз основа на пријави од други подносители, а 20 предмети формирани по сопствена иницијатива се затворени. Во работа се вкупно 182 предмети од кои 128 се активни предистражни постапки формирани по сопствена иницијатива.

Во текот на Извештајниот период преземени се голем број на дејствија во рамки на отворените предистражни постапки кои се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања и финансиски истраги, имајќи предвид дека дел од нив се отворени и пред овој извештаен период, а дел од нив во овој период преминаа во фаза на истраги.

Табеларен приказ на активностите и дејствијата преземени во предистражните постапки во извештајниот период

Преземени дејствија во рамки на отворените предистражни постапки Вкупен Број
Барање за асистенција 1
Барање за одземање на предмети 1
Барање за преведување пишан материјал 1
Барање за привремено одземање компјутерски податоци 8
Барање за увид со овластување 31
Барање чл 287 2108
Вракање списи 2
Достава на списи и докази 1
Решение за восшоставување стварна надлежност 2
Мислење 1
Замолница за мегународна правна помош 3
Записник за сведок 175
Известување 21
Наредба за вештачење 2
Наредба за преснимување аудио материјали 1
Наредба за претрес 1
Наредба чл 283 и 284 9
Одговор на барање 5
Покана за осомничен 1
Покана за сведок 161
Потврда за враќање на одземени предмети 11
Предлог за наредба за привремено одземање на предмети 1
Резолуција 3
Решение за трошоци 9
Службена белешка за отварање нов нск-ро 14
Службена белешка за спојување на предмети 5
Службена белешка за формирање нов нск-ко 5
Ургенција 8
Вкупно 2591

II.2.2 Истражни постапки

Во периодот од 15-ти март 2018 година до 15-ти септември 2018 година ова Јавно обвинителство отвори 3 нови истражни постапки, против вкупно 26 физички лица.

Структурата по кривични дела и во ново отворените истражни постапки и во овој како и во претходните извештајни периоди останува непроменета и повторно најголем дел од кривичните дела кои се во работа пред ова Јавно обвинителство се кривични дела од главата XXX од Кривичниот Законик – кривични дела против службената должност.

Табеларен приказ на активностите преземени по предметите кои се водат пред ова Јавно обвинителство во извештајниот период

Преземени дејствија во рамки на отворените истражни постапки Вкупен Број
Барање за привремено одземање компјутерски податоци 1
Барање за декласификација 4
Доставување вештачење до суд 1
Барање за одземање на предмети 1
Барање за преведување пишан материјал 2
Барање за увид со овластување 12
Барање чл 287 855
Вракање списи 6
Достава на списи и докази 20
Доставување податоци 1
Доставување превод на документација до суд 2
Жалба 3
Записник за вештак 1
Наредба за претрес 1
Записник за сведок 228
Барање за исправка 1
Известување 22
Мислење 24
наредба 1
Мислење по жалба 2
Наредба за запирање на истражна постапка 1
Наредба за вештачење 7

Наредба за преснимување аудио материјали 1
Наредба за спроведување истражна постапка 3
Наредба чл 283 и 284 11
Одговор на барање 9
Одговор на жалба 6
Повлекување на предлог спогодба 2
Покана за осомничен 19
Потврда за враќање одземени предмети 7
Покана за сведок 328
предлог 4
Предлог за продолжување на притвор 1
Предлог за наредба за привремено одземање на предмети 5
прецизирање 1
Решение за воспоставување старна надлежност 1
Решение за трошоци 17
Службена белешка 2
Ургенција 6
Вкупно 1619

II.2.3 Одржување на судски рочишта и донесени пресуди

Во извештајниот период јавните обвинители учествуваа во вкупно 177 постапувањa пред судовите во Република Македонија, од кои 172 рочиштa за главна расправа пред Основниот суд Скопје 1 Скопје и 5 јавни седници пред Апелациониот суд Скопје.

Во извештајниот период по предметите оформени по поднесување на обвиненијата од вкупно закажани 177 рочишта по сите предмети, одложени се вкупно 54 рочишта, што претставува речиси една третина од вкупниот број на закажани рочишта. Во контекст на наведеното, по обвинителниот предлог по предметот познат како НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, судската постапка веќе трае 2 (две) години, што не е вообичаено за судење по обвинителен предлог. Ажурноста во судското постапување досега е единствено забележителна во судските постапки ТЕНК и ТРИСТА, за кои немаше одлагање на рочиштата и веќе се донесени пресуди.

Во текот на овој извештаен период се донесени првостепени пресуди по поднесените обвиненија за вкупно 3 лица во 2 различни предмети, при што трите лица се осудени на затворски казни. Воедно, во текот на шестиот извештаен период од страна на Апелациониот суд Скопје потврдени се првостепените пресуди против вкупно 5 лица.

Со оглед на фактот што Пресудата во предметот заведен под НСК-КО бр.4/17 – ТРУСТ сеуште не е доставена до ова Јавно обвинителство, лицата опфатени со истата не претставуваат предмет на анализа во овој извештај.

II-3 Стручна помош и поддршка на јавното обвинителство

Во рамки на шестиот извештаен период најголемиот акцент беше насочен кон обезбедување континуирана поддршка за употреба на инструменти за меѓународна правна соработка, обезбедување на потребните предуслови за користење на регионални и меѓународни инструменти за директна соработка и интензивирана размена на информации и податоци со особен фокус на финансиските истраги, но и кривичните дела од областа на корупцијата и перењето пари.

Стручното знаење и искуствата стекнати преку концептот изграден во рамки на работењето на ова Јавно обвинителство, од друга страна резултатите, но и предизвиците во изнаоѓањето на сите расположливи законски механизми за надминување на практичните пречки во работата придонесоа јавните обвинители и истражителите да земеме активно учество на повеќе домашни но и регионални семинари конференции и работилници.

II-4 Финансиско работење на Јавното обвинителство

Финансирањето на работата на Јавното обвинителство, согласно член 15 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се состои од средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавнообвинителската служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислење од експерти, средства за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во јавнообвинителската служба, добивање на капитални инвестиции и средства за одржување на просториите и опремата во Јавното обвинителство.

Целокупното финансиско работење на Јавното обвинителство и во овој извештаен период се движи во рамки на одобрениот буџет за 2018 година. Од одобрените средства за 2018 година во периодот од 15.03.2018 година до 15.09.2018 година реализирани се средства во вкупен износ од 84.663.329,00 денари или 33,43%. Вкупната реализација на одобрениот буџет за 2018 година, заклучно со 15.09.2018 година изнесува 131.340.812,00 денари денари или
54,75% од буџетот на ова Јавно обвинителство.

Најголем дел од одобрените буџетски средства во периодот 15-ти март 2018 година до 15-ти септември 2018 година се реализирани по однос на преземени обврски по основ на доделени договори за јавни набавки, како и со цел подмирување на преземените обврски по основ на трошоци за закуп имајќи предвид дека во рамки на објектот во кој е сместено седиштето на ова Јавно обвинителство, а кој му е даден под закуп, по основ на договори за закуп дополнително се земени уште две деловни простории адаптирани за потребите на ова Јавно обвинителство.

Покрај тоа, реализираните средства во овој период беа наменети за подмирување на обврските кои произлегуваат од потребата од обезбедување непречено и ефикасно функционирање на Јавното обвинителство. И во овој извештаен период дел од средствата беа наменети за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во јавнообвинителската служба, ангажирање на експерти, но и подмирување на трошоците во постапките.

Како и досега така и во текот на овој извештаен период ова Јавно обвинителство спроведува постапки за јавни набавки за набавка на стоки и услуги согласно годишниот план за јавни набавки кој е јавно објавен и на веб страната на ова Јавно обвинителство.

III. Анализирање на аудио фајлови и други материјали

Воспоставените процедури и динамика на преслушување, анализа и обработка на вкупно 606 555 аудио фајлови со кои располага Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите продолжи и во текот на извештајниот период при што заклучно со поднесувањето на овој Извештај предмет на анализа беше содржината на 545 900 аудио фајлови, односно во обработка се 90% од вкупниот број на аудио фајлови со кои располага ова Јавно обвинителство.

Утврдената динамика на анализа и обработка на материјалите ќе продолжи и во претстојниот период. При анализа и обработката на материјалите се постапува согласно воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија и други лица, гарантирана со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот.

И во рамки на шестиот извештаен период како дел од обработката на аудио материјалите е и процесот на одвојување на приватните разговори од разговорите кои се предмет на натамошна обработка. Од вкупниот број на анализирани разговори 545 900, во овој период дополнително се издвоени уште 50 000 приватни разговори, односно заклучно со поднесувањето на овој извештај издвоени се вкупно 243 753 аудио фајлови за кои се утврди дека станува збор за приватни разговори.

Покрај наведеното, во временскиот период од 15-ти март 2018 година до 15-ти септември 2018 година продолжи процесот на анализа на повеќе од 100 000 аудио фајлови прибавени при спроведени претреси со цел утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите. Воедно, сеуште трае процесот на анализирање на форензичките копии од предметот против Захир Бекири викан Чауш и Имер Бекири, доставен од страна на Основното јавно обвинителство Скопје со цел утврдување на бројот на разговори кои се предмет на незаконското следење на комуникациите.

Како што наведовме и во Петтиот извештај неопходно е да истакнеме дека голем дел од материјалите со кои располага ова Јавно обвинителство повеќе пати се обработуваат и анализираат.

IV. Постапување по предметите

IV-1. НСК-КО бр.1/15 – ТИТАНИК

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.1/15, за кој е оформен судски предмет КОК.бр 7/18, истиот се наоѓа во фаза на главна расправа во рамки на која беа одржани повеќе судски рочишта на ден 02.04.2018,
12.04.2018, 26.04.2018, 02.05.2018, 09.05.2018, 21.05.2018, 28.05.2018, 31.05.2018, 03.07.2018, 16.08.2018, 17.08.2018, 20.08.2018 година.

Рочиштата на ден 02.04.2018 година, 12.04.2018 година и 02.05.2018 година беа одложени.

На рочиштата одржани на 09.05.2018 година, 21.05.2018 година и 28.05.2018 година се даваа воведни говори од страна обвинителството, одбраната и обвинетите. Откако одбраната и обвинетите го искористија своето право да давање на воведен говор, судот ја закажа следната главна расправа на 31.05.2018 година.

Рочиштата на ден 31.05.2018 година и 03.07.2018 година исто така беа одложени поради неисполнување на законските претпоставки за одржување на главната расправа.

На рочиштето одржано на ден 16.08.2018 година почна изведувањето на доказите од страна на обвинителството. Конкретно почна изведувањето на аудиоматеријалите кои беа предложени како доказ од страна на обвинителството. Изведувањето на аудиоматеријалите продолжи и на рочиштата одржани на ден 17.08.2018 година и на 20.08.2018 година.

Изведувањето на доказите ќе продолжи и на закажаните рочишта на ден 12.09.2018 и 20.09.2018 година.

IV-2. НСК-КО бр.11/15 – ТИТАНИК 2

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.11/15, Апелациониот суд Скопје, одлучувајќи по жалба изјавена од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 07.12.2017 година против Решение на Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје I Скопје – Специјализирано судско одделение за судење на кривични дела од областа на организиран криминал и корупција КОК-ООА бр.21/17 од 01.12.2017 година, на ден 23.02.2018 година донесе Решение КСЖ – 656/17 кое е доставено до ова Јавно обвинителство на ден 16.03.2018 година, со кое жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја одби како неоснована, а Решението на Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 Скопје Специјализирано судско одделение за судење на кривични дела од областа на организиран криминал и корупција КОК-ООА бр.21/17 од 01.12.2017 година, во обжалениот дел под II од изреката го потврди.

Во текот на судската постапка одржани се 6 главни расправи, на кои се изведуваат доказите предложени во листата на докази од страна на ова Јавно обвинителство, односно постапката се наоѓа во фаза на испитување на предложените сведоци.

IV-3. НСК-КО бр.15/15 – ТРАНСПОРТЕР

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.15/15 во текот на судската постапка, а во рамките на овој извештаен период одржани се 8 рочишта и тоа на 07.03.2018 година, 09.03.2018 година, 13.04.2018 година, 27.04.2018 година, 11.05.2018 година, 30.05.2018 година, 02.07.2018 година и 05.07.2018 година.

На овие рочишта за главна расправа се пристапи кон изведување на доказите на обвинението, односно беа сослушани сведоци кои беа предложени од страна на оваа Јавно обвинителство, со исклучок на три рочишта за главна расправа кои беа одложени со оглед дека не беа исполнети законските претпоставки за истите да бидат одржани поради отсуство на дел од обвинетите или на лицата повикани во својство на сведоци.

На рочиштето пак на ден 13.04.2018 година пред отпочнување на расправата до судот од страна на бранителот на еден од обвинетите беше поднесено барање за изземање на судијата-претседател на советот, судијатачлен на советот и судиите поротници како членови на советот, а воедно беше поднесено и барање за изземање на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, неговиот заменик и ВД Претседателот на Апелациониот суд. По однос на двете барања за изземање беа донесени решенија со кои првото барање се одби како неосновано, а второто во однос на изземањето на претседателите на судовите се отфрли како недозволено. Потоа судот донесе решение да се одржи главна, јавна и усна расправа и истата да продолжи со доказната постапка.

Воедно, закажани се уште два термини за рочишта за главна расправа и тоа на 28.09.2018 година и на 09.10.2018 година на кои ќе се продолжи со доказната постапка.

IV-4. НСК-КО бр.16/15 – ПУЧ

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.16/15 донесени се повеќе јавнообвинителски одлуки кои се однесуваат на обвинетиот З.К. Најпрво, Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со поднесок НСККО бр.16/15 од 13.04.2018 година доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје ја повлече Предлог-спогодбата КО.бр.25/15 од 25.02.2015 година склучена помеѓу обвинетиот З.К., неговиот бранител и Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во однос на кривичното дело Шпионажа од член 316 став 4 в.в со член 24 од КЗ, а истовремено донесе и Наредба за запирање на истражната постапка НСК-КО бр.16/15 од 13.04.2018 година спрема З.К. во однос на наведеното кривично дело.

На 13.06.2018 година до Основниот суд Скопје 1 Скопје, Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесе Барање за повторување на постапката НСК-КОВ бр.5/18 од 06.06.2018 година, завршена со правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, IV КОК.ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година, спрема осудениот З.К. во делот за кривичното дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 4 во врска со став 1 а во врска со член 45 од КЗ. Барањето е поднесено поради постоење на нови факти и нови докази што самите за себе или во врска со поранешните докази се подобни да причинат ослободување на лицето кое е осудено, а во смисла на член 449 став 1 точка 3 од ЗКП.

Постапувајќи по барањето за повторување на постапката, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение КОК-ПОВ бр.12/18 од 14.06.2018 година, со кое се дозволи повторување на кривичната постапка и се утврди дека по правосилноста на ова решение, предметот да се врати во фаза на истражна постапка.

Со поднесок НСК-КО бр.16/15 од 17.07.2018 година доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје, Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја повлече Предлог-спогодбата КО.бр.25/15 од 25.02.2015 година спрема обвинетиот З.К., во однос на кривичното дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 4 в.в. со став 1 а во врска со член 45 од КЗ.

На 15.08.2018 година Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите врз основа на член 304 став 1 точка 1 од ЗКП донесе Наредба за запирање на истражна постапка спрема З.К. во однос на кривичното дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од член 311 в.в. со член 24 од КЗ. Ова од причина што со Наредбата КО.бр.25/15 од 08.02.2015 година на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, е спроведена истражна постапка против обвинетиот З.К. од Скопје и за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од член 311 в.в. со член 24 од КЗ, а со склучувањето на Предлог-спогодбата КО.бр.25/15 од 25.02.2015 година, не е донесена никаква јавнообвинителска одлука од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје во однос на наведеното кривично дело.

Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите врз основа на член 44 став 3 од ЗКП на 15.08.2018 година донесе и Решение за непреземање на кривично гонење на З.К. за кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 4 в.в. со став 1 и 2 а во врска со член 45 од КЗ.

IV-5. НСК-КО бр.17/15 ТАРГЕТ/ТВРДИНА

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.17/15,во извештајниот период беа закажани 4 (четири) рочишта од кои 3 беа одложени. Рочиштата одржани на ден 27.03.2018 година и 15.05.2018 година беа одложени од причини што, се уште не беше донесена одлука по повод барањето за екстрадиција на обвинетите Г.Г. и Н.Б.

По предлог на ова јавно обвинителство, а имајќи го предвид податокот дека преку медиумите е објавена одлуката на Врховниот суд на Р. Грција со која е одбиено барањето за екстрадиција на обвинетите Г.Г. и Н.Б, како и податокот дека обвинетата Г.Ј. не може да присуствува на главната расправа поради отворено породилно отсуство, судот ја раздвои постапката во однос на обвинетите Г.Г. и Н.Б и Г.Ј.

Од страна на бранителите на обвинетите С.М. и В.С. беше ставен предлог за запирање на постапката спрема обвинетите поради постоење на одлуки за помилување – аболиција донесени од Претседателот на РМ, кој предлог судот го одби.

Ова Јавно обвинителство имајќи ги предвид променетите околности дека обвинетата Г.Ј. може да присуствува на закажаните рочишта, предложи судот да го отповика претходното решение за раздвојување на постапката за Г.Ј., за кој предлог, судот се изјасни дека ќе одлучи на следното закажано рочиште.

Од страна на одбраната беше истакнат приговор во насока на оспорување на стварната надлежност на ова Јавно обвинителство да се јави како овластен тужител во овој предмет, кој приговор судот го одби.

На рочиштето одржано на ден 31.08.2018 година беа одржани воведни говори на ова Јавно обвинителство и на обвинетиот Т.Ј. и неговиот бранител.

Судот следните рочишта ги закажа на ден 13.09.2018 година во 10,00 часот.

IV-6. НСК-КО бр.21/15 – ТНТ

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр. 21/15, во извештајниот период беа закажани 7 рочишта од кои се одржани вкупно 3 рочишта. Предметот се наоѓа во фаза на главна расправа на која се изведуваат материјалните докази предложени со листата на докази од страна на обвинителството, а во извештајниот период веќе беа репродуцирани и аудио материјалите и СМС пораките.

На главната расправа од ден 05.04.2018 година, од страна на еден од бранителите на обвинетите, беше ставен предлог за изземање на судскиот совет кој постапува по предметот КОК бр. 53/17, на судиите од редовниот состав на судот и на судиите поротници, Претседателот и заменикот на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на судии од Апелациониот суд Скопје. По однос на предлогот за изземање на судиите, беа донесени: Решение на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје- ИЗЗ.бр.73/18 од
23.04.2018 година со кое барањето за изземање беше одбиено, Решение на
В.Д. Претседателот на Апелациониот суд Скопје- СУ-ИЗЗ бр. 236/18 од 20.04.2018 година со кое барањето за изземање беше одбиено, како и
Решение на Претседателот на Врховниот суд на Р.Македонија СУ-ИЗЗ бр.58/2018 од 16.04.2018 година, со кое исто така барањето за изземање беше одбиено.

IV-7. НСК-КО бр. 1/16 – ТИТАНИК 3

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.1/16 во текот на извештајниот период закажани беа 7 рочишта за главна расправа и тоа на:
16.03.2018 година, 27.04.2018 година, 08.05.2018 година, 11.05.2018 година, 19.06.2018 година. 22.06.2018 година и 28.06.2018 година, од кои се одржани вкупно 3 рочишта. На овие рочишта се дадоа воведни говори од застапникот на обвинението и од одбраната на обвинетите, изведени се материјални докази предложени од страна на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и се започна со испитување на сведоци предложени од страна на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во текот на месец септември закажани се уште два термини за главна расправа и тоа на 20.09.2018 година и 27.09.2018 година на кои ќе бидат повикани и испитани сведоци предложени од ова Јавно обвинителство.

IV-8. НСК-КО бр.2/16 – ТОРТУРА

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.2/16, на ден 05.03.2018 година Апелациониот суд Скопје одлучувајќи по жалбата поднесена од страна на ова Јавно обвинителство донесе решение КСЖ-90/18 со кое поднесената жалба се уважи и решението за оценка на обвинителниот акт на Основен суд Скопје 1 Скопје КООА бр.53/17 од 07.12.2017 година во обжалениот дел под став II oд изреката се преиначи и обвинителниот акт НСК-КО бр.2/16 беше одобрен и против обвинетиот С.М. од Скопје за кривично дело Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување по чл.142 ст.1 в.в. чл.23 од КЗ. Во точка II од решението се уважи и предлогот на ова Јавно обвинителство за спојување на постапките по однос на обвинителниот акт НСК-КО бр.2/16 и да се спроведе единствена постапка.

По четири одложувања на главната расправа, на ден 09.07.2018 година започна главната расправа каде што по давање на воведен говор од страна на Јавниот обвинител, обвинетите и нивните бранители започна доказната постапка во која беше сослушан оштетениот Љ.Б..

IV-9. НСК-КО 6/16 – ТВРДИНА 2

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.6/16 Основниот суд Скопје I Скопје пред кој предметот Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбите на обвинетите Г.Г., изјавена преку неговиот бранител Љупчо Шврговски адвокат од Скопје и на обвинетата В.С., изјавена преку бранителот Миле Петровски, адвокат од Скопје, двете против пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К.бр.1905/16 од 08.11.2017 година, донесе Пресуда КЖ – 66/18 од 10.04.2018 година со која жалбата на обвинетата В.С. ја одби како неоснована и пресудата по однос на обвинетите А.В., В.С., Д.С., С.Б. и Д.З., се потврдува, а жалбата на обвинетиот Г.Г. ја уважи, пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К.бр.1905/16 од 08.11.2017 година по однос на обвинетиот Г.Г. ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење и одлучување со образложение дека првостепениот суд при донесување на обжалената пресуда по однос на обвинетиот Г.Г. сторил суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка од чл.415 ст.3 т.3 од ЗКП, од причина што судот прифатил дека истиот е недостапен на органите на кривичниот прогон, поради што одлучил на обвинетиот да му се суди во отсуство согласно чл.385 ст.3 од ЗКП, пренебрегнувајќи го при тоа фактот дека обвинетиот Г.Г. во времето на течење на главната расправа веќе бил во екстрадиционен притвор во Р. Грција и постапката за екстрадиција сеуште не е завршена, па во ситуација кога екстрадицијата е можна, мора да се оди на екстрадиција на обвинетиот во конкретниот предмет и дека судење во отсуство би можело да се спроведе само доколку екстрадицијата се одбие од страна на замолената држава или доколку екстрадицијата не е можна.

Основен суд Скопје I Скопје, во врска со кривичниот предмет К-1129/18 против обвинетиот Г.Г. на ден 19.09.2018 година закажа главна расправа на која расправа повторно ќе се одлучува само по однос на обвинетиот Г.Г..

IV-10. НСК-КО бр.7/16 – НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.7/16 во рамки на извештајниот период одржани се 9 рочишта за главна расправа. Рочиштата за главна расправа од 13.03.2018 година и 03.04.2018 година поради отсуство на еден од обвинетите (М.А.) се одложени и од страна на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесено е барање за спроведување на вонреден инспекциски надзор до Државен санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство поради сомнение за злоупотреба на боледување од страна на обвинетиот со цел за одолговлекување на постапката. Рочиштето за главна расправа од 19.04.2018 година беше одложено поради неможност за одлучување по барање на одбраната за изземање на судечкиот судија. Рочиштето од 01.06.2018 година беше одложено поради отсуство на обвинетиот (А.Т.). Во понатамошните закажани рочишта беа испитани повеќе сведоци и во овој момент сеуште трае нивно испитување до изведување на сите докази предложени од страна на Обвинителството.

Во однос на раздвоената постапка бр.К-1747/17 за обвинетиот (Д.К) закажани беа 8 рочишта за главна расправа. На рочиштето одржано на 05.04.2018 година по однос на вештиот наод и мислење се произнесе вешто лице за изготвеното психијатриско вештачење. Додека од страна на одбраната беше побарано изготвуваање на компаративен вешт наод – Психиојатриско вештачење преку психијатриски преглед за обвинетиот. Следните закажани рочишта на 05.06.2018 година и 10.07.2018 година беа одложени најпрво поради хоспитализирање на обвинетиот во Градска болница „8- ми
Септември“, а потоа и поради хоспитализација на обвинетиот во ЈЗУ
„Психијатриска болница“ Скопје.

IV-11. НСК-КО бр.8/16 – ТРЕЗОР

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.8/16 на 12.10.2017 година, во текот на извештајниот период судските рочишта кои по овој предмет беа закажани за 29.03.2018 и 17.05.2018 година беа одложени поради отсуство на обвинетиот Г.Г. како и поради очекување на Одлука од страна на грчките правосудни органи во однос на постапката за екстрадиција на обвинетиот Г.Г..

На 30.05.2018 година до Основниот суд Сопје 1 Скопје – Одделение за организиран криминал и корупција, од страна на ова Јавно обвинителство беше поднесено Барање врз основа на чл. 202 ст. 1 од ЗКП со кое побаравме привремено одземање на имот и предмети заради обезбедување.

Кривичниот Совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе Решение КОК-КР бр. 833/18 од 01.06.2018 година, со кое барањето на ова Јовно обвинителство е уважено.

По ова Решение е постапено и во соработка со Агенцијата за управување со одземен имот беше реализирана утврдената привремена мерка. Со Потврда за привремено одземени предмети возилото во сопственост на ДТУ „ФИНЗИ.“ ДООЕЛ Скопје е одземено и истиот ден е со Записник е предадено на Агенцијата за управување со одземен имот .

На 18.06.2018 година е изготвено прецизирање на поднесениот Обвинителен акт НСК-КО бр. 8/16 од 29.06.2017 година.

На одржаното рочиште на 28.06.2018 година, од страна на судечкиот совет беше усвоен предлогот поднесен од наша страна, а согласно чл.365 ст.3 од ЗКП на обвинетиот Г.Г. да му се суди во отсуство, бидејќи истиот не е достапен на државните органи на прогон на РМ, против кое Решение од страна на обвинетиот е вложена жалба и моментално е на одлучување пред второстепениот суд. На рочиштето беа дадени и воведните говори од страна на обвинителството и одбраната. Главната расправа продолжи со започнување на доказна постапка на која се изврши репродуцирање на четири аудио снимки од незаконското следење на комуникациите.

На рочиштето од 10.09.2018 година главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка и се започна со изведување на материјалните докази, предложени од страна на Обвинителството.

IV-12. НСК-КО бр.9/16 – ТОПЛИК

Во рамките на предметот заведен под НСК-КО бр.9/16, во извештајниот период беа закажани 5 рочишта по предметот, од кои 4 се одржани, а едно рочиште е одложено. Предметот се наоѓа во фаза на главна расправа, која се очекува да продолжи со распит на сведоци предложени од страна на обвинителството, а во извештајниот период веќе беа репродуцирани и аудио материјалите и изведени и презентирани материјалните докази предложени со листата на докази од страна на обвинителството.

На рочиштето од ден 30.03.2018 година, од страна на бранител на еден од обвинетите, беше ставен предлог за изземање на судскиот совет кој постапува по предметот КОК бр. 57/17. По однос на предлогот за изземање, истиот ден беше донесено Решение од страна на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а со кое барањето за изземање беше одбиено.

IV-13. НСК-КО бр.10/16 – ТЕНДЕРИ

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр. 10/16 пред Основниот суд Скопје I Скопје е започната доказна постапка на која беа дадени воведни говори од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации, обвинетите и одбраната, a беа презентирани и предметните аудио материјали, за кои од страна на одбраната беа истакнувани приговори. Доказната постапка продолжи со читање на материјалните докази од листата на докази која е во прилог на обвиителниот акт на ова Јавно обвинителство.

На едно од одржаните рочишта по барање на одбраната беа презентирани материјални докази на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за кои одбраната сметаше дека за истите треба да биде извршена презентација и истата треба да продолжи со сослушување на сведоци кои се предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации.

IV-14. НСК-КО бр.11/16 ШПИОН

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО 11/16, главниот претрес на ден 17.05.2018 година не беше одржан поради отсуство на обвинет, а на истото рочиште е извршено спојување на е извршено спојување на повторената постапка КОК 99/16 со предметот оформен против обвинетиот З.Б. КОК 79/16, а по поднесениот предлог од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Од страна на Основниот суд Скопје I Скопје беше донесено решение за да се води единствена постапка, а од страна на одбраната беше побарано прецизирање на обвинителниот акт. Исто така, беше донесено решение со кое кривичната постапка се запира спрема обвинетите за кривични дела опфатени во точката 27.

Главниот претрес трба да продолжи на ден 17.09.2018 година и треба да се пристапи кон сослушување на сведоци.

IV-15. НСК-КО бр.2/17 – ТАРИФА

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.2/17, во текот на извештајниот период се одржаа 20 рочишта за главна расправа, од кои само две рочишта беа одложени од причина што не беа присутни сведоците за кои немаше доказ дали уредно ги примиле поканите за сослушување и поради здравствени проблеми на истите. На рочиштата за главна расправа заклучно со 12.07.2018 година се изведуваа докази предложени од страна на ова Јавно обвинителство, односно се сослушаа сите предложени сведоци, се репродуцираа два аудио материјали, се прочитаа и презентираа сите писмени докази предложени во листата на докази, а се сослушаа и вештите лица кои го изготвија вештиот наод и мислење, со што се исцрпи листата на предложени писмени и вербални докази од страна на Јавното обвинителство.

Постапувајќи по барањето на обвинетиот Н.Ѓ за времено враќање на патната исправа, дадено е Мислење НСК-КО бр. 2/17 од 28.05.2018 година определените мерки на претпазливост да останат на сила. Со решение на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК бр. 796/18 од 30.05.2018 година наведеното барање е одбиено како неосновано.

Воедно, постапувајќи по барањето на обвинетите М.С и Н.Ѓ за измена на мерките на претпазливост, дадено е Мислење НСК-КО бр. 2/17 од 20.07.2018 година определените мерки на претпазливост да останат на сила. Со решение на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК бр. 874/18 од 27.07.2018 година наведеното барање е одбиено како неосновано.

Исто така, постапувајќи по барањето на обвинетиот Д.Б за преиспитување на околностите за определување на мерките на претпазливост, дадено е Мислење НСК-КО бр. 2/17 од 20.07.2018 година определените мерки на претпазливост да останат на сила. Со решение на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК бр. 873/18 од 25.07.2018 година наведеното барање е одбиено како неосновано.

На рочиштата за главна расправа кои продолжија на 04.09.2018 година и 05.09.2018 година се сослушуваа сведоци предложени од страна на одбраната на обвинетите.

Воедно, закажани се уште неколку термини за рочишта за главна расправа и тоа на 25.09.2018 година, 26.09.2018 година, 03.10.2018 година, 04.10.2018 година, 16.10.2018 година, 17.10.2018 година и 25.10.2018 година.

IV-16. НСК-КО бр.3/17 – ТЕНК

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.3/17 на главната расправа одржана на ден 18.04.2018 година постапката заведена под КОК.бр.59/17 за обвинетата Г.Ј. со решение донесено од страна на судечкиот совет, согласно чл.29 од Законот за кривична постапка постапката за обвинетата беше радзвоена, а постапката за обвинетите Ѓоко Поповски и Никола Груевски продолжи со доказната постапка, односно со изведување на материјалните докази и сведоците кои беа предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои проилзегуваат од незаконското следење на комуникациите од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт НСК – КО бр.3/17, како материјалните докази и сведоците кои беа предложени од страна на обвинетите и одбраната.

Основниот суд Скопје I Скопје, како првостепен суд донесе, а на ден 23.05.2018 година јавно ја објави пресуда за кривичниот предмет заведен под КОК.бр.59/17, со која ги огласи за виновни Ѓоко Поповски за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 6 години и 6 месеци, Никола Груевски за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 2 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 2 години. Пресудата до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои проилзегуваат од незаконското следење на комуникациите беше доставена на ден 19.06.2018 година.

На така донесената пресуда од страна на обвинетите и нивните бранители беа изјавени вкупно 6-шест жалби и 2-две дополнение на жалба до Апелационен суд Скопје. На ден 30.08.2018, 31.08.2018 и 05.09.2018 година беше одржана јавна расправа по повод изјавените жалби и на истата беа разгледувани жалбените наводи, а се очекува да биде донесена одлука од страна на Апелациониот суд Скопје.

Раздвоената постапка за кривичниот предмет заведен под број КОК.бр.21/18 за обвинетата Г.Ј. со доказната постапка започна на ден 29.08.2018 пред Основен суд Скопје I Скопје и се пристапи кон сослушување на сведоци кои беа предложени со листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт НСК – КО бр.3/17 на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои проилзегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На рочиште за главна расправа кое беше одржано на ден 05.09.2018 година беа изведени и материјалните докази предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои проилзегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На рочиште за главна расправа кое беше закажано и одржано на ден 10.09.2018 година, започна со сослушување на сведоци предложени од страна на одбраната и истата треба да продолжи кон сослушување на сведоци и изведување на материјалните докази предложени од страна на одбраната.

IV-17. НСК-КО бр.4/17 – ТРУСТ

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.4/17 одложени се рочиштата на ден 06.03.2018 година, 05.04.2018 година, 10.04.2018 година,
08.05.2018 година и 17.05.2018 година.

На одржаното рочиште на 29.03.2018 година и 24.04.2018 година, главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка со вкрстено испрашување од страна на одбраната на сведокот кој беше предложен од нивна страна и тоа техничкиот советник – вешто лице П.С.
На 22.05.2018 година главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка и беше завршено вкрстеното испитување врз сведокот предложен од одбраната М.В. Рочиштето продолжи со вкрстено испитување на обвинетиот С.К. кое продолжи и на 07.06.2018 година. Претседателот на судечкиот Совет го испита обвинетиот на рочиштето од 14.06.2018 година. Рочиштето продолжи со вкрстено испитување на обвинетите В.А. и С.В. од страна на одбраната и обвинителството. На рочиштето од страна на обвинителството и беа доставени на одбраната транскрипти од десет телефонски разговори.
На рочиштето од 03.07.2018 година беа изведени и преслушани 10 телефонски разговори. По завршување на доказната постапка од страна на обвинителството беше даден предлог за дополнување на доказната постапка, кој предлог беше прифатен од страна на судот.
На одржаното рочиште на 12.07.2018 година извршено е прецизирање на обвинителниот акт. Рочиштето продолжи со презентирање на завршните зборови.
На рочиштата одржани на 16.07.2018 и 17.07.2018 година се продолжи со презентирање на завршните зборови. Откако обвинителството, одбраната и обвинетите завршија со презентирање на Завршните зборови, судот за
20.07.2018 година определи рочиште за објава на пресудата.

На 20.07.2018 година, јавно беше објавена пресудата.
Писмена изработка на пресудата, сеуште не е доставена до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

IV-18. НСК-КО бр.5/17 – ТАБЛА

Предметот заведен под НСК-КО бр.5/17 е сеуште во фаза на истражна постапка во рамки на која постапка беа преземени поголем број дејствија, при што беа испитани и повеќе сведоци.

Истражната постапка е во завршна фаза по што ќе следи донесување на јавнообвинителска одлука.

IV-19. НСК-КО бр.6/17 – ТРИСТА

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.6/17 во текот на извештајниот период одржани се вкупно 10 рочишта при што Основниот суд Скопје I Скопје, како првостепен суд донесе, а на ден 22.05.2018 година јавно ја објави пресудата за кривичниот предмет заведен под КОК.бр.40/17, со која го огласи за виновен Ѓоко Поповски за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 9 години.

На самата објава од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои проилзегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно член 174 во врска со член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка беше истакнат предлог против обвинетиот Ѓоко Поповски да биде определена мерка притвор поради постоеење на опасност од бегство, а советот по советување и гласање донесе решение со кое спрема обвинетиот Ѓоко Поповски определи мерка притвор сметано од 22.05.2018 година до започнување со издржување на казната затвор, додека превентивните мерки кои беа определени со решение на Кривичниот советОдделение за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје I Скопје од 30.06.2017 година беа укинати.

Пресудата до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше доставена на ден 26.07.2018 година.

На така донесената пресуда од страна на одбраната на обвинетиот беа изјавени вкупно 2-две жалби до Апелационен суд Скопје. Од страна на Апелациониот суд Скопје сеуште не е закажана јавна седница по повод изјавените жалби.

IV-20. НСК-КО бр. 7/17 – ТОТАЛ

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.7/17 истиот се наоѓа во фаза на главна расправа на која се преслушуваат аудио материјалите предложени како доказ бр.1 според листата на докази приложена кон обвинителниот акт.

Во текот на извештајниот период одржани се пет рочишта пред Основен суд на кои одбраната изјавуваше повеќе приговори и тоа во однос на аудио снимките и вештиот наод и мислење предложени како доказ од Јавното обвинителство, судот одлучуваше по приговорите и тоа со решение на записник од 14.05.2018 година и од 11.07.2018 година, се дадоа воведни говори од страна на странките, се започна со доказната постапка и тоа со изведување на доказот бр.1 од листата на докази на обвинителството. На последно одржаното рочиште од 11.07.2018 година, судот ја одложи главна расправа и закажа неколку термини и тоа за 24.09.2018 година, 26.09.2018 година, 03.10.2018 година и 10.10.2018 година, на која ќе се продолжи со репродукција на аудио снимките, а потоа и со изведување на останатите докази предложени од ова Јавно обвинителство.

IV.21 НСК-КО бр. 8/17 – ТИФАНИ

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.8/17 доставена е првостепената судска одлука на 09.03.2018 година од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. По приемот на писмено изработената пресуда, К бр.144/18 од 19.02.2018 година, од страна на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на 19.03.2018 година е изјавена жалба против пресудата, поради одлуките за кривичните санкции од член 414 став 1 точка 4 в.в со член 418 став 1 и член 508 став 2 од ЗКП.

Против наведената пресуда, жалба е изјавена и од страна на обвинетата и обвинетото правно лице. Постапувајќи по жалбите на странките, Апелациониот суд Скопје одржа јавна седница на 09.07.2018 година. До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите сеуште не е доставена второстепена судска одлука.

IV.22 НСК-КО бр. 9/17 – ТРАЕКТОРИЈА

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.9/17 во текот на извештајниот прериод беа одржани шест рочишта за главна расправа, а едно беше одложено поради ангажираност на дел од бранителите во друг притворски предмет, како и поради обврски на обвинителите и обвинетите во други предмети кои се водат пред судот.

Во текот на главната расправа одбраната стави предлог за изземање на претседателот, заменик претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје и двајца судии од Апелационен суд Скопје, кој беше отфрлен како недозволен, а предлогот на одбраната за изземање на судечкиот совет со решение беше одбиен како неоснован. Доказната постапка започна со изведување на материјални докази предложени од обвинителството, при што репродуциран беше еден аудио фајл.

Во продолжение на доказната постапка на пет рочишта беа репродуцирани аудио материјали предложени како докази од страна на обвинителството.

IV.23 НСК-КО бр.10/17 – ТРЕВНИК

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.10/17 истиот се наоѓа во фаза на главна расправа на која се преслушуваат аудио материјалите предложени како доказ бр.1 според листата на докази приложена кон обвинителниот акт.

Во текот на судската постапка одржани се пет рочишта на кои одбраната изјавуваше приговори во однос на аудио материјалите предложени како доказ од Јавното обвинителство и судот одлучуваше по истите, се дадоа воведни говори од страна на странките на 27.06.2018 година, се започна со доказната постапка и тоа со изведување на доказот бр.1 од листата на докази на обвинителството, така што се репродуцираа 66 аудио материјали од вкупно предложените 137. На последно одржаното рочиште од 09.07.2018 година, судот ја одложи главна расправа и закажа неколку термини и тоа за 10.09.2018 година, 19.09.2018 година, 08.10.2018 година и 15.10.2018 година, на која ќе се продолжи со репродукција на аудио материјалите, а потоа и со изведување на останатите докази предложени од ова Јавно обвинителство.

IV.24 НСК – КО бр.11/17 – ТАЛИР

Во однос на предметот заведен под НСК-КО бр.11/17 истиот се наоѓа во завршна фаза на истражна постапка по што ќе следи донесување на јавнообвинителска одлука.

IV.25 НСК-КО бр.12/17 СОПОТ

Во рамки на предметот заведен под НСК-КО бр.12/17 по завршување на доказната постапка, на главна расправа пред Основен суд Скопје I Скопје на ден 19.03.2018 година во фаза на завршен збор Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незакконското следење на комуникациите изјави дека се откажува од кривично гонење против десет обвинети лица за кривично дело Тероризам од член 327 став 2 во врска со член 313 во врска со член 22 од Кривичниот Законик, од причина што од изведените материјални и вербални докази во текот на спроведената постапка со ниту еден доказ не ги поврза обвинетите со кривичното дело кое им се става на товар.
Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 19.03.2018 година донесе Пресуда VIII KOK бр.53/10 со која спрема десет лица обвинети во предметот „Сопот“ го одби обвинението.

IV.26 НСК-КО бр.14/17 -РЕНТГЕН

Предметот заведен под НСК-КО бр.14/17 е во фаза на истражна постапка.
Во текот на истрагата преземени се повеќе процесни дејствија заради добивање на податоци и информации во врска со кривично-правниот настан, сослушани се лица во својство на сведоци. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје побарани се податоци и списи од оформени предмети од нивна страна, а кои се поврзани со истражната постапка која се води пред ова Јавно обвинителство.

IV.27 НСК-КО бр.15/17 – ПРОДУЦЕНТ

Предметот заведен под НСК-КО бр.15/17 е во фаза на истражна постапка. Во текот на истрагата побарани се податоци и списи од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје со барања НСК-КО бр.15/17 од 28.06.2018 година. Како одговор на барањето, од страна на Основното јавно обвинителство Скопје со допис од 30.08.2018 година се доставени бараните списи со цел донесување на одлука за надлежност.

IV.28 НСК-КО бр.16/17 – ТРАНСПОРТЕР 2

Предметот заведен под НСК-КО бр.17/17 се наоѓа во фаза на истражна постапка . Во текот на истрагата беа прибавени докази и податоци кои што му се потребни на јавниот обвинител за да може да донесе соодветна јавнообвинителска одлука, па во таа насока беа испитани поголем број на сведоци, во својство на осомничени беа испитани 8 лица, изготвен е вешт наод и мислење, а исто така беа изготвени и доставени барања за податоци/докази до разни институции.

IV.29 НСК-КО бр. 17/17 -ТАРИФА 2

Предметот заведен под НСК-КО бр.17/17 се наоѓа во фаза на истражна постапка. Во текот на извештајниот период преземени се голем број на истражни дејствија, односно испитани се голем број на сведоци, поднесени се повеќе барања до различни институции, а обезбедена е и дополнителна документација.

Предметот се наоѓа во завршна фаза и по завршување на истражната постапка, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

IV.30 НСК-КО бр. 18/17 – СТРАНСКИ СЛУЖБИ

Предметот заведен под НСК-КО бр.18/17 се наоѓа во фаза на истражна постапка.
По однос на поднесеното барање за екстрадиција НСК-КО бр.18/17 од 26.12.2017 година преку Министерството за правда на Република Македонија до Надлежен орган на Република Грција, а поради фактот што едно од осомничените лица во оваа истражна постапка се наоѓаше во екстрадиционен притвор во Република Грција поради сторено кривично дело за кое се води друга кривична постапка, до ова Јавно обвинителство до денес сеуште не е постапено по истото. По однос пак на поднесеното барање за меѓународна соработка во кривичната материја НСК-КО бр.18/17 од 22.01.2018 година преку Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда на Република Македонија до надлежниот суд во Солун, Република Грција, беше постапено и на ден 06.08.2018 година до ова Јавно обвинителство беше доставен одговор од Министерството за правда, транспарентност и човечки права на Република Грција преку Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда на Република Македонија.

Во текот на истражната постапка преземени се голем број на истражни дејствија во таа смисла испитани се поголем број на сведоци, по наредба на јавен обвинител се изготвија повеќе вештачења, а во тек е изработка и на дополнение на вешт наод и мислење, доставени се и поголем број на барања за податоци/докази до разни институции и по истите е постапено со што обезбедени се поголем број докази и податоци кои што му се потребни на јавниот обвинител за да може да донесе соодветна јавнообвинителска одлука.

IV.31 НСК-КО бр.19/17 – ДРУМАРИНА

Предметот заведен под НСК-КО бр.19/17 се наоѓа во фаза на истражна постапка. На 05.03.2018 година, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, врз основа на чл.39 ст.2 и чл.294 ст.4 в.в. со чл.202 ст.1 од ЗКП, беше поднесено Барање за привремено одземање на имот или предмети заради обезбедување, врз основа на кое од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше донесено Решение за привремена мерка II КПП бр.176/18 од 07.03.2018 година, со кое барањето на ова Јавно обвинителство е усвоено и определена е привремена мерка-Забрана за отужување и ставање под хопотека на недвижен имот сопственост на децата на осомничената.

Постапувајќи по жалбите поднесени од двете трети лица-деца на осомничената, од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, донесени се Решение КС.бр.41/18 од 15.03.2018 година и Решение Кс.бр.38/18 од 09.03.2018 година кои поднесените жалби се одбиени како неосновани, а потврдена е одлуката на Судијата на претходната постапка.

Во текот на истражната постапка, беа преземени повеќе истражни дејствија, при што беше прибавена и анализирана документација во поголем обем, испитана е осомничената и изготвен е вешт наод и мислење.

Истражната постапка е во завршна фаза по чие завршување ќе следи донесување на јавно обвинителска одлука.

IV.32 НСК-КО бр.20/17 – ЛИДЕРИ

Предметот заведен под НСК-КО бр.20/17 се наоѓа во фаза на истражна постапка. Во текот на истражната постапка, спроведени се повеќе истражни дејствија, меѓу кои и испитување на обвинетиот.

Воедно, по прибавување на списите од предметот од Основното јавно обвинителство Скопје со Решение НСК-КО бр.20/17 од 03.04.2018 година од наша страна е воспоставена стварна надлежност.

IV.33 НСК-КО бр.1/18 – АКТОР

Како резултат на спроведена предистражна постапка, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка НСК-КО бр.1/18 од 20.03.2018 година против 11 лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со ст.1 и в.в. со член 23 од КЗ и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од 273 став 5 в.в. став 3 в.в. став 1 в.в. член 22 в.в.
член 45 од КЗ.

Предметот се наоѓа во истражна постапка во рамки на која се преземени повеќе истражни дејствија.

IV.34 НСК-КО бр.2/18 – ПОПИС

Како резултат на спроведената предистражната постапка донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка НСК-КО бр.2/18 од 20.03.2018 година против 2 лица поради постоење на основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Предметот се наоѓа во истражна постапка во рамки на која се преземени повеќе истражни дејствија

IV.35 НСК-КО бр.3/18 – МОЌНИК

Како резултат на спроведената предистражната постапка донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка НСК-КО бр.3/18 од 20.03.2018 година против 13 лица поради постоење на основано сомневање дека: првоосомничениот сторил едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од КЗ и едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од КЗ, второосомничениот и третоосомничениот дека сториле едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 22 од КЗ, а четврто осомничениот, петто осомничениот, шесттоомничениот, седмоосомничениот, осмо осомничениот, деветто осмничениот, десетто осомничениот, единаесетто осомничениот, дванаесетто осомничениот и тринаесетто осомничениот дека сториле едно кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во текот на извештајниот период во рамки на истражната постапка се преземени повеќе дејствија меѓу кои се испитани и повеќе сведоци.

IV.36 НСК-КО бр.5/18 – МОНСТРУМ

Со Решение за воспоставување стварна надлежност од 20.03.2018 година Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите воспостави стварна надлежност врз предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ко.бр.36/12 против обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута за кривично дело – Тероризам од член 394-б став 1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик и против обвинетиот Хаки Азири за кривично дело – Тероризам од член 394-б став 1 в.в. со член 24 од Кривичниот законик.

IV.37 НСК– КОЖ бр.3/18 (НСК-КО.бр.6/16)

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбите на обвинетите Г.Г., изјавена преку неговиот бранител Љупчо Шврговски адвокат од Скопје и на обвинетата В.С., изјавена преку бранителот Миле Петровски, адвокат од Скопје, двете против пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К.бр.1905/16 од
08.11.2017 година, по одржана јавна седница на ден 28.03.2018 година, донесе Пресуда КЖ – 66/18 од 10.04.2018 година, доставена до ова Јавно обвинителство на ден 01.06.2018 година, со која жалбата на обвинетата В.С. ја одби како неоснована и пресудата по однос на обвинетите А.В., В.С., Даниела Симоновска, С.Б. и Д.З., се потврдува, а жалбата на обвинетиот Г.Г. ја уважи, пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К.бр.1905/16 од 08.11.2017 година по однос на обвинетиот Г.Г ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење и одлучување со образложение дека првостепениот суд при донесување на обжалената пресуда по однос на обвинетиот Г.Г сторил суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка од чл.415 ст.3 т.3 од ЗКП, од причина што судот прифатил дека истиот е недостапен на органите на кривичниот прогон, поради што одлучил на обвинетиот да му се суди во отсуство согласно чл.385 ст.3 од ЗКП, пренебрегнувајќи го при тоа фактот дека обвинетиот Г.Г во времето на течење на главната расправа веќе бил во екстрадиционен притвор во Р. Грција и постапката за екстрадиција сеуште не е завршена, па во ситуација кога екстрадицијата е можна, мора да се оди на екстрадиција на обвинетиот во конкретниот предмет и дека судење во отсуство би можело да се спроведе само доколку екстрадицијата се одбие од страна на замолената држава или доколку екстрадицијата не е можна.

IV.38 НСК– КОЖ бр.4/18 (НСК-КО.бр.1/15)

До ова јавното обвинителство од страна на Апелациониот суд Скопје, доставен е кривичниот предмет оформен против обвинетиот Е.Т. заради разгледување и достава на предлог по повод изјавената жалба против решение КОК КР бр. 17/18 од 26.01.2018 година на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје. Имено жалбата е поднесена од обвинетиот бидејки предлогот на одбраната за укинување на мерката кужен притвор е одбиен како неоснован.

Постапувајки по изјавената жалба Апелационен суд Скопје на нејавна седница на ден 23.02.2018 година жалбата на обвинетиот Е.Т. ја одби како неоснована.

IV.39 НСК– КОЖ бр.5/18 (НСК-КО.бр.15/15)

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по барањето на обвинетата Ј.Ј. за донесување на решение за укинување на определените мерки на претпазливост, донесе Решение КОК-КР.бр.717/18 од 20.02.2018 година со кое барањето на обвинетата Ј.Ј. за укинување на мерките на претпазливост го одби како неосновано.

Против ваквото Решение, жалба до Апелационен суд, поднела обвинетата Ј.Ј.. Постапувајќи по поднесената жалба, Апелациониот суд Скопје до ова Јавно обвинителство достави Барање на мислење КСЖ-160/18 од 06.03.2018 година, врз основа на кое пред ова Јавно обвинителство е оформен предмет под НСК-КОЖ.бр.5/18.

Постапувајќи по барањето на мислење, ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе Предлог НСК – КОЖ.бр.5/18 од 12.03.2018 година да се одбие како неоснована жалбата на обвинетата Ј.Ј.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбата на обвинетата Ј.Ј., донесе Решение КСЖ.бр.160/18 од 22.03.2018 година со кое жалбата на обвинетата ја одби како неоснована и го потврди решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК-КР.бр.717/18 од 20.02.2018 година.

IV.40 НСК– КОЖ бр.6/18 (НСК-КО.бр.15/15)

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по барањето на обвинетиот В.Д. за донесување на решение за укинување на определените мерки на претпазливост, донесе Решение КОК-КР.бр.642/18 од 20.02.2018 година со кое барањето на обвинетиот В.Д. за укинување на мерките на претпазливост го одби како неосновано.

Против ваквото Решение, жалба до Апелационен суд, поднел обвинетиот В.Д.. Постапувајќи по поднесената жалба, Апелациониот суд Скопје до ова Јавно обвинителство достави Барање на мислење КСЖ-159/18 од 06.03.2018 година, врз основа на кое пред ова Јавно обвинителство е оформен предмет под НСК-КОЖ.бр.6/18.

Постапувајќи по барањето на мислење, ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе Предлог НСК – КОЖ.бр.6/18 од 12.03.2018 година да се одбие како неоснована жалбата на обвинетиот В.Д..

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбата на обвинетиот В.Д., донесе Решение КСЖ.бр.159/18 од 22.03.2018 година со кое жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована и го потврди решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК-КР.бр.642/18 од 20.02.2018 година.

IV.41 НСК– КОЖ бр.7/18 (НСК-КО.бр.1/15)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од страна на Апелациониот суд Скопје, на ден 09.03.2018 година доставен е предмет оформен по жалба на обвинетиот Е.Т. против решението КСПКОК.бр.40/18 од 23.02.2018 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое се продолжува мерката куќен притвор за обвинетиот Е.Т. На ден 13.03.2018 година од наша страна до Апелационен суд доставен е предлог жалбата на обвинетиот да се одбие како неоснована.

Постапувајќи по жалбата, Апелациониот суд Скопје на ден 22.03.2018 година донесе решение КСЖ-168/18 со кое ја одби поднесената жалба на обвинетиот и го потврди веќе донесеното решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое се продолжува мерката куќен притвор.

IV.42 НСК– КОЖ бр.8/18 ( врска НСК-КО.бр.21/15)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на ден 13.02.2018 година со цел давање на мислење од страна на ова обвинителство, од страна на Основен суд Скопје I Скопје доставен е предмет КОК-КР бр.685/18 оформен по барање од бранителот на обвинетиот Т.Т. за укинување на мерките на претпазливост определени со Решение КОККСП.бр.387/17 од 30.06.2017 година на Основниот суд Скопје I Скопје и тоа обврска обвинетиот да се јавува секој работен вторник во 10.00 часот кај надлежен службеник во Основниот суд Скопје I Скопје и привремено одземање на патна исправа.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите по извршен увид во доставените списи од Основниот суд Скопје I Скопје, најде дека барањето на обвинетиот е неосновано бидејќи и понатаму постојат причините поради кои биле определени овие мерки на претпазливост со Решение КОК-КСП.бр.387/17 од 30.06.2017 година на Основниот суд Скопје I Скопје, а за што до судот достави и мислење од 20.02.2018 година.

По наоѓање на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје донесено е Решение КОК-КР бр.685/18 од од 21.02.2018 година, со кое барањето на обвинетиот Т.Т. за укинување на определените мерки на претпазливост, беше одбиено како неосновано. Против ова Решение беше изјавена жалба од бранителот на обвинетиот Т.Т.

Постапувајќи по барањето од Апелациониот суд Скопје, за давање предлог по предметот КСЖ бр. 172/18 од 14.03.2018 година, оформен по Жалбата изјавена од бранителот на обвинетиот Т.Т. против Решението КОК-КР бр.685/18 на Кривичниот совет при Основен суд Скопје I Скопје- Одделение за организиран криминал и корупција од 21.02.2018 година, во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше оформен предметот НСК-КОЖ бр. 8/18, по што, до Апелациониот суд Скопје од страна на ова јавно обвинителство беше доставен Предлог НСК-КОЖ бр.8/18 од 23.03.2018 година за одбивање на изјавената жалба како неоснована, а Решението КОК-КР бр.685/18 на Кривичниот Совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје од 21.02.2018 година, да се потврди.

Со Решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ бр. 172/18 од 29.03.2018 година, жалбата на обвинетиот Т.Т. изјавена преку неговиот бранител е одбиена како неоснована, а Решението КОК-КР бр.685/18 на Кривичниот Совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје од 21.02.2018 година се потврдува.

IV.43 НСК– КОЖ бр.9/18 (НСК-КО.бр.17/15)

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по барањето на обвинетиот С.М. за укинување на определените мерки на претпазливост, донесе Решение КОК-КР.бр.735/18 од 14.03.2018 година со кое барањето на обвинетиот С.М. за укинување на мерките на претпазливост, го одби како неосновано.

Против ваквото Решение, жалба до Апелационен суд, поднел обвинетиот С.М.. Постапувајќи по поднесената жалба, Апелациониот суд Скопје до ова Јавно обвинителство достави Барање на мислење КСЖ-197/18 од 23.03.2018 година, врз основа на кое пред ова Јавно обвинителство е оформен предмет под НСК – КОЖ.бр.9/18.

Постапувајќи по барањето на мислење, ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе Предлог НСК – КОЖ.бр.9/18 од 02.04.2018 година да се одбие како неоснована жалбата на обвинетиот С.М.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбата на обвинетиот С.М., донесе Решение КСЖ.бр.197/18 од 23.04.2018 година со кое жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована и го потврди решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК-КР.бр.735/18 од 14.03.2018 година.

IV.44 НСК– КОЖ бр.10/18(НСК-КО.бр.1/15)

На ден 29.03.2018 година од страна на Апелациониот суд Скопје до ова обвинителство доставен е кривичен предмет против обвинетиот М.Ј. заради разгледување и достава на предлог по повод изјавена жалба против решението КОК-КР.бр.731/18 од 15.03.2018 година, поднесена од обвинетиот М.Ј.. Од наша страна до Апелационен суд Скопје, доставен е предлог на ден 30.03.2018 година жалбата на обвинетиот да се одбие како неоснована.

На ден 23.04.2018 година Апелационен суд Скопје постапувајќи по жалбата на обвинетиот М.Ј. донесе решение КСЖ-205/18 со кое ја одби поднесената жалбата на обвинетиот и го потврди веќе донесеното решение на Основен суд Скопје 1 Скопје.

IV.45 НСК– КОЖ бр.11/18 (НСК-КО.бр.1/15)

Предметот е оформен врз основа на списи доставени од Апелационен суд Скопје во врска со жалба на обвинетиот Е.Т. против решение на Основен суд Скопје 1 Скопје за продолжување на мерката куќен притвор КСПКОК.бр.74/18 од 26.03.2018 година. По повод изјавената жалба, до Апелациониот суд Скопје од наша страна на ден 19.04.2018 година доставен е предлог да се одбие жалбата како неоснована и решението донесено од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје да се потврди.

На ден 23.04.2018 година на нејавна седница донесено е решение КСЖ257/18 со кое жалбата на обвинетиот Е.Т. се одбива како неоснована, а решението КСП-КОК.бр.74/18 се потврдува.

IV.46 НСК– КОЖ бр.12/18 (НСК-КО.бр.8/17)

Предметот е оформен во врска со жалбите изјавени од страна на обвинетата И.Т. и обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда СМАРТ ГРУП ДООЕЛ Скопје против пресудата врз основа на признание на вина донесена од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје К бр.144/18 од 19.02.2018 година.

По повод изјавените жалби и барањето на мислење на Апелациониот суд Скопје, КЖ бр.341/18 од 20.04.2018 година, Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите достави Предлог под НСК-КОЖ бр.12/18 од 04.05.2018 година, да се одбијат жалбите на обвинетата и на обвинетото правно лице како неосновани.

Советот на Апелациониот суд Скопје одржа јавна седница на 09.07.2018 година, во присуство на Јавен обвинител, на која се разгледаа поднесените жалби против првостепната пресуда.

Заклучно со поднесувањето на овој Извештај не е доставена одлука на Апелациониот суд Скопје.

IV.47 НСК– КОЖ бр.13/18(НСК-КО.бр.1/15)

На ден 23.04.2018 година до Јавното обвинителство од страна на Апелационен суд Скопје доставен е кривичен предмет против обвинетиот И.Д. заради разгледување и достава на предлог по повод изјавена жалба против решение КОК-КР.бр.741/18 од 22.03.2018 година. Од наша страна на ден 24.04.2018 година до Апелационен суд Скопје доставен е предлог жалбата на обвинетиот И.Д. против решение КОК-КР.бр.741/18 од 22.03.2018 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје да се одбие како неоснована.

Постапувајќи по изјавената жалба, Апелационен суд Скопје на нејавна седница на ден 30.05.2018 година донесе решение КСЖ-271/18 со кое жалбата на обвинетиот И.Д. ја одби како неоснована и го потврди решението донесено од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје.

IV.48 НСК– КОЖ бр.14/18 (НСК-КО бр.9/16)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на ден 11.04.2018 година со цел давање на мислење од страна на ова обвинителство, од страна на Основен суд Скопје I Скопје доставен е предмет КОК-КР 769/18 оформен по барање од бранителите на обвинетиот Д.Д. за укинување на мерките на претпазливост определени со Решение КОККСП.бр.380/17 од 30.06.2017 година на Основниот суд Скопје I Скопје и тоа обврска обвинетиот да се јавува секој работен понеделник во 10.00 часот кај надлежен службеник во Основниот суд Скопје I Скопје и привремено одземање на патна исправа.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите по извршен увид во доставените списи од Основниот суд Скопје I Скопје, најде дека барањето на обвинетиот е неосновано бидејќи и понатаму постојат причините поради кои биле определени овие мерки на претпазливост со Решение КОК-КСП.бр.380/17 од 30.06.2017 година на Основниот суд Скопје I Скопје, а за што до судот достави и мислење од 13.04.2018 година.

По наоѓање на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје донесено е Решение КОК-КР бр.769/18 од 18.04.2018 година, со кое барањето на обвинетиот Д.Д. за укинување на определените мерки на претпазливост, беше одбиено како неосновано. Против ова Решение беше изјавена жалба од бранителите на обвинетиот Д.Д.

Постапувајќи по барањето од Апелациониот суд Скопје, за давање предлог по предметот КСЖ бр. 309/18 од 09.05.2018 година, оформен по Жалбата изјавена од бранителите на обвинетиот Д.Д. против Решението КОККР бр.769/18 на Кривичниот совет при Основен суд Скопје I Скопје- Одделение за организиран криминал и корупција од 18.04.2018 година, во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на ден 15.05.2018 година беше оформен предметот НСК-КОЖ бр. 14/18, по што, до Апелациониот суд Скопје од страна на ова јавно обвинителство беше доставен Предлог НСККОЖ бр.14/18 од 15.05.2018 година за одбивање на изјавената жалба како неоснована, а Решението КОК-КР бр.769/18 на Кривичниот Совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје од 18.04.2018 година, да се потврди.

Со Решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ бр. 309/18 од 04.06.2018 година жалбата на обвинетиот Д.Д. изјавена преку неговите бранители е одбиена како неоснована, а Решението КОК-КР бр.769/18 на Кривичниот Совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје од 18.04.2018 година се потврдува.

IV.49 НСК– КОЖ бр.15/18 (НСК-КО.бр.1/15)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од страна на Апелациониот суд Скопје, на ден 15.05.2018 година доставен е предмет оформен по жалба на обвинетиот Е.Т. против решението КСПКОК.бр.155/18 од 25.04.2018 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое се продолжува мерката куќен притвор за обвинетиот Е.Т. На ден 16.05.2018 година од наша страна до Апелационен суд доставен е предлог жалбата на обвинетиот да се одбие како неоснована.

Постапувајќи по жалбата, Апелациониот суд Скопје на ден 04.06.2018 година донесе решение КСЖ-355/18 со кое ја одби поднесената жалба на обвинетиот и го потврди веќе донесеното решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое се продолжува мерката куќен притвор.

IV.50 НСК– КОЖ бр.16/18 (НСК-КО.бр.1/15)

На ден 01.06.2018 година до Јавното обвинителство од страна на Апелационен суд Скопје доставен е кривичен предмет против обвинетата К.В. заради разгледување и достава на предлог по повод изјавена жалба против решение КОК-КР.бр.814/18 од 22.05.2018 година. Од наша страна на ден 06.06.2018 година до Апелационен суд Скопје доставен е предлог жалбата на обвинетата К.В. против решение КОК-КР.бр.814/18 од 22.05.2018 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје да се одбие како неоснована.

Постапувајќи по изјавената жалба, Апелационен суд Скопје на нејавна седница на ден 21.06.2018 година донесе решение КСЖ-385/18 со кое жалбата на обвинетата К.В. ја одби како неоснована и го потврди решението донесено од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје.

IV.51 НСК– КОЖ бр.17/18 (НСК-КО.бр.3/17)

Во врска со поднесеното Барање на мислење КОКЖ-16/18 од 08.06.2018 година од страна на Апелационен суд Скопје до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а по повод изјавената жалба од страна на бранителот на обвинетиот, Ѓоко Поповски преку адвокат Стерјо Зиков на решение 09 КОК-40/17 од 22.05.2018 година на Основен суд Скопје I Скопје со кое беше определена мерка притвор на обвинетиот Ѓоко Поповски, на ден 11.06.2018 година до Апелационен суд Скопје, врз основа на член 421 став 2 од Законот за кривична постапка беше доставен Предлог НСК – КОЖ бр.17/18 со кое се предлага жалбата да се одбие како неоснована, а решението на судечкиот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје I Скопје 09 КОК-40/17 од 22.05.2018 година да се потврди.

Постапувајќи по изјавената жалба, Апелациониот суд Скопје на ден 12.06.2018 година донесе решение КОКЖ-16/18 со кое жалбата на обвинетиот Ѓоко Поповски изјавена преку бранител ја одби како неоснована и го потврди решението донесено од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје.

IV.52 НСК– КОЖ бр.18/18 (НСК-КО.бр.17/15)

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по барањето на обвинетиот С.М. за укинување на определените мерки на претпазливост, донесе Решение КОК-КР.бр.839/18 од 14.06.2018 година со кое барањето на обвинетиот Сашо Мијалков за укинување на мерките на претпазливост, го одби како неосновано.

Против ваквото Решение, жалба до Апелационен суд, поднел обвинетиот С.М.. Постапувајќи по поднесената жалба, Апелациониот суд Скопје до ова Јавно обвинителство достави Барање на мислење КСЖ-449/18 од 28.06.2018 година, врз основа на кое пред ова Јавно обвинителство е оформен предмет под НСК – КОЖ.бр.18/18.

Постапувајќи по барањето на мислење, ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе Предлог НСК – КОЖ.бр.18/18 од 04.07.2018 година да се одбие како неоснована жалбата на обвинетиот С.М..

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбата на обвинетиот С.М., донесе Решение КСЖ.бр.449/18 од 11.07.2018 година со кое жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована и го потврди решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК-КР.бр.839/18 од 14.06.2018 година.

IV.53 НСК– КОЖ бр.19/18 (НСК-КО.бр.6/17)

Во врска со поднесеното Барање на мислење КСЖ-477/18 од 06.07.2018 година од страна на Апелационен суд Скопје до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а по повод изјавената жалба од страна на Павлина Стојанова, вешто лице во Друштво за вештачење ФОРЕНЗИК ЕКСПЕРТС ДОО на решение КОК-ПОВ.бр.10/18 од 06.06.2018 година со кое и е изречена парична казна во висина од 1.000 евра, на ден 10.07.2018 година до Апелационен суд Скопје врз основа на член 421 став 2 од Законот за кривична постапка беше доставен Предлог НСК – КОЖ бр.19/18 со кое се предлага жалбата да се одбие како неоснована, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје I Скопје под КОК-ПОВ.бр.10/18 од 06.06.2018 година да се потврди.

IV.54 НСК– КОЖ бр.20/18 (НСК-КО.бр.6/17)

Во врска со поднесеното Барање на мислење КСЖ-478/18 од 06.07.2018 година од страна на Апелационен суд Скопје до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а по повод изјавената жалба од страна на Друштво за вештачење ФОРЕНЗИК ЕКСПЕРТС ДОО, преку управител Костадин Дуковски на решение КОК-ПОВ.бр.11/18 од 06.06.2018 година со кое му е изречена парична казна во висина од 2.000 евра, на ден 10.07.2018 година до Апелационен суд Скопје врз основа на член 421 став 2 од Законот за кривична постапка беше доставен Предлог НСК – КОЖ бр.20/18 со кое се предлага жалбата да се одбие како неоснована, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје I Скопје под КОК-ПОВ.бр.11/18 од 06.06.2018 година да се потврди.

IV.55 НСК– КОЖ бр.21/18 (НСК-КО.бр.1/15)

Апелациониот суд Скопје на ден 11.07.2018 година до Јавното обвинителство достави кривичен предмет против обвинетиот Е.Т. заради разгледување и достава на предлог по повод изјавена жалба против решение КОК-КР.бр.843/18 на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Од наша страна на ден 13.07.2018 година до Апелационен суд Скопје доставен е предлог жалбата на обвинетиот Е.Т. против решението КОК-КР.бр.843/18 од 25.06.2018 година на Основен суд Скопје 1 Скопје да се одбие како неоснована.
Постапувајќи по изјавената жалба, Апелациониот суд на нејавна седница на ден 17.07.2018 година донесе решение КСЖ-486/18 со кое ја одби жалбата на обвинетиот Е.Т. како неоснованан и го потврди Решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

IV.56 НСК– КОЖ бр.22/18 (НСК-КО.бр.3/17)

По повод изјавените жалби на првостепената пресуда 09 КОК-59/17 од 23.05.2018 година на Основен суд Скопје I Скопје, од страна на обвинетиот Никола Груевски, неговите бранители, како и од бранителите на обвинетиот Ѓоко Поповски, до Апелационен суд Скопје на закажаната јавна седница на ден 05.09.2018 година беше доставен Предлог НСК – КОЖ.бр.22/18 од 30.08.2018 година, врз основа на член 421 став 2 од Законот за кривична постапка од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со кој, беше предложено жалбите да се одбијат како неосновани, а Пресудата 09 КОК-59/17 од 23.05.2018 година на Основен суд Скопје I Скопје да се потврди.

IV.57 НСК– КОЖ бр.23/18 (НСК-КО.бр.11/16)

Врз основа на донесеното решение VII KOK.бр.79/16 од 27.06.2018 година на Основен суд Скопје I Скопје со кое го уважи предлогот поднесен од бранителот на обвинетиот З.Б. и ја укина превентивната мерка забрана за издавање на нова патна исправа или друга патна исправа за преминување на државната граница и определи обврска на обвинетиот да се јавува кај службено лице еднаш во месецот во Основниот суд Скопје I Скопје, на ден 29.06.2018 година Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите против таквото решение изјави жалба.

На ден 30.07.2018 година до Аплеационен суд Скопје, врз основа на член 361 став 2 во врска со член 387 од Законот за кривична постапка, доставен е Предлог НСК – КОЖ.бр.23/18 со кое се предлага изјавената жалба од 29.06.2018 година од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да се уважи. Од страна на Апелациониот суд Скопје со Решение КОКЖ -25/18 од 20.08.2018 година жалбата на ова Јавно обвинителство е уважена и Решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.79/16 од 27.06.2018 година е укинат и е вратен на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

IV.58 НСК– КОЖ бр.24/18 (НСК-КО.бр.1/15)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од страна на Апелациониот суд Скопје, на ден 27.07.2018 година доставен е предмет оформен по жалба на обвинетата Б.Б.Б против решението КОККР.бр.858/18 од 16.07.2018 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје. На ден
03.08.2018 година од страна на ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје доставен е предлог жалбата на обвинетата да се одбие како неоснована.

IV.59 НСК– КОЖ бр.25/18 (НСК-КО.бр.15/15)

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по барањето на обвинетиот А.Ш. за донесување на решение за укинување на определените мерки на претпазливост, донесе Решение КОК-КР.бр.862/18 од 16.07.2018 година со кое барањето на обвинетиот А.Ш. за укинување на мерките на претпазливост го одби како неосновано.

Против ваквото Решение, жалба до Апелационен суд, поднел обвинетиот А.Ш.. Постапувајќи по поднесената жалба, Апелациониот суд Скопје до ова Јавно обвинителство достави Барање на мислење КСЖ-543/18 од 09.08.2018 година, врз основа на кое пред ова Јавно обвинителство е оформен предмет под НСК-КОЖ.бр.25/18.

Постапувајќи по барањето на мислење, ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе Предлог НСК – КОЖ.бр.25/18 од 14.08.2018 година да се одбие како неоснована жалбата на обвинетиот А.Ш..

Апелациониот суд Скопје сéуште постапува по изјавената жалба од обвинетиот А.Ш.

IV.60 НСК– КОЖ бр.26/18 (НСК-КО бр. 8/16)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од страна на Апелациониот суд Скопје, на ден 16.08.2018 година доставен е предмет оформен по жалба на обвинетиот Г.Г. против решението III КОК бр. 60/17 од 28.06.2018 година на Основен суд Скопје 1 Скопје. Жалбата е поднесена од Полномошникот на обвинетиот Г.Г., бидејки е усвоен предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на обвинетиот Г.Г. да му се суди во отсуство, бидејќи истиот не е достапен на државните органи за прогон на Република Македонија.

Постапувајки по жалбата, на 22.08.2018 од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, даден е предлог поднесената жалба да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Скопје сéуште постапува по изјавената жалба од обвинетиот Г.Г.

IV.61 НСК– КОЖ бр.27/18 (НСК-КО.бр.1/15)

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од страна на Апелациониот суд Скопје, на ден 17.08.2018 година доставен е предмет оформен по жалба на обвинетата Г.Ј. против решението КОККР.бр.857/18 од 16.07.2018 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

На ден 21.08.2018 година од наша страна до Апелационен суд доставен е предлог жалбата на обвинетата Г.Ј. да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Скопје сéуште постапува по изјавената жалба од обвинетата Г.Ј.

IV.62 НСК– КОЖ бр.28/18 (НСК-КО.бр.1/15)

Апелациониот суд Скопје на ден 17.08.2018 година до Јавното обвинителство достави кривичен предмет против обвинетиот М.Ј. заради разгледување и достава на предлог по повод изјавена жалба против решение КОК-КР.бр.850/18 на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Од наша страна на ден 21.08.2018 година до Апелационен суд Скопје доставен е предлог жалбата на обвинетиот М.Ј. против решението КОК-КР.бр.850/18 од 16.07.2018 година на Основен суд Скопје 1 Скопје да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Скопје сéуште постапува по изјавената жалба од обвинетиот М.Ј.

IV.63 НСК– КОЖ бр.29/18 (врска НСК-КО.бр.2/17)

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлогот на обвинетиот Д.Б за преиспитување на околностите за определување на мерките на претпазливост донесе Решение КОК-КР.бр.873/18 од 25.07.2018 година со кое барањето на обвинетиот Д.Б. го одби како неосновано.

Против ваквото Решение, жалба до Апелационен суд, поднел обвинетиот Д.Б. Постапувајќи по поднесената жалба, Апелациониот суд Скопје до ова Јавно обвинителство достави Барање на мислење КСЖ-564/18 од 20.08.2018 година, врз основа на кое пред ова Јавно обвинителство е оформен предмет под НСККОЖ бр.29/18. Постапувајќи по барањето на мислење, ова Јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе Предлог НСК – КОЖ.бр.29/18 од 22.08.2018 година жалбата на обвинетиот Д.Б да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Скопје сéуште постапува по изјавената жалба од обвинетиот.

IV.64 НСК–КОВ бр.3/18

Во врска со доставените Барања на мислење од страна на Основен суд Скопје I Скопје – Оддел за извршување санкции до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и тоа од 13.03.2018, 04.04.2018, 10.04.2018 и 20.04.2018 година, а во врска со поднесените молби за продолжување на прекин на издржување на казна затвор на осуденото лице А.Д, на ден 14.03.2018, 12.04.2018, 23.04.2018 и 05.04.2018 година до Основен суд Скопје I Скопје – Оддел за извршување санкции, судија за извршување санкции беа доставени Мислења по молбите за продолжување на прекин на издржување на казна затвор на осуденото лице А.Д од Скопје.

Од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 25.04.2018 година е донесено Решение IIПК.бр.37/17 со кое молбата за прекин на издржување на казната затвор поднесена од осудениот А.Д се уважува.

IV.65 НСК–КОВ бр.4/18

Во врска со доставеното Барање на мислење од страна на Основен суд Скопје I Скопје – Оддел за извршување санкции до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а во врска со поднесената Молба за продолжување на прекин на издржување на казна затвор на осуденото лице М.Е, на ден 23.05.2018 година до Основен суд Скопје I Скопје – Оддел за извршување санкции, судија за извршување санкции беше доставено Мислење по молбата за продолжување на прекин на издржување на казна затвор на осуденото лице М.Е од Скопје.

Од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 28.05.2018 година е донесено Решение 01 ПК-36/17 со кое молбата за продолжување на прекинот на издржување на казната затвор поднесена од осудениот М.Е. преку неговиот бранител се уважува.

IV.66 НСК–КОВ бр.5/18

На 13.06.2018 година до Основниот суд Скопје 1 Скопје, Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесе Барање за повторување на постапката, НСК-КОВ бр.5/18 од 06.06.2018 година, завршена со правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, IV КОК.ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година, спрема осудениот Звонко Костовски во делот за кривичното дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 4 во врска со став 1 а во врска со член 45 од КЗ. Барањето е поднесено поради постоење на нови факти и нови докази што самите за себе или во врска со поранешните докази се подобни да причинат ослободување на лицето кое е осудено, а во смисла на член 449 став 1 точка 3 од ЗКП.

Постапувајќи по барањето за повторување на постапката, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение КОК-ПОВ бр.12/18 од 14.06.2018 година, со кое под став I се дозволува повторување на кривичната постапка завршена со пресуда врз основа на предлог-спогодба на Основниот суд Скопје 1 Скопје, IV КОК.ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година, правосилна на 25.02.2015 година, спрема осудениот Звонко Костовски во однос на кривичното дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 4 в.в. со став 1 а во врска со член 45 од КЗ, а под став II се утврдува дека по правосилноста на ова решение, предметот да се врати во фаза на истражна постапка.

IV.67 НСК–КОВ бр.6/18

Во врска со доставеното Барање на мислење од страна на Основен суд Скопје I Скопје – Оддел за извршување санкции до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а во врска со поднесената Молба за продолжување на прекин на издржување на казна затвор на осуденото лице А.Д, на ден 05.07.2018 година до Основен суд Скопје I Скопје – Оддел за извршување санкции, судија за извршување санкции беше доставено Мислење по молбата за продолжување на прекин на издржување на казна затвор на осуденото лице А.Д од Скопје.

Од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 05.07.2018 година е донесено Решение IIПК.бр.37/17 со кое молбата за прекин на издржување на казната затвор поднесена од осудениот А.Д се уважува.

IV.68 НСК–КОВ бр.7/18

До Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во прилог на допис III КОЗ бр.193/17 од 11.07.2018 година на Јавното обвинителство на Република Македонија ни беше доставена иницијативата за поднесување на Барање за заштита на законитоста од приватниот тужител В.Ц од Куманово против пресудата на Основниот суд во Куманово К.бр.88/16 од
20.02.2017 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ бр.516/17 од
11.07.2017 година, а од причина што претходно со решение А.бр.130/15 од 14.12.2015 година на ова Јавно обвинителство беше воспоставена стварна надлежност по предметот К.бр.88/16 оформен по кривична пријава на приватниот тужител В.Ц од Куманово, против З.З, М.К. и една политичка партија за кривичното дело од член 151 од Кривичниот Законик.

Со оглед дека погоренаведената иницијатива беше примена во ова Јавно обвинителство на ден 17.07.2018 година, Јавниот обвинител по разгледување на списите на премдетот ќе даде соодветено мислење, односно одговор по однос на поднесената иницијатива.

ОДРЖАНИ СУДСКИ РОЧИШТА ПО ПРЕДМЕТИТЕ НА ОВА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Во насока на овозможување на пошироката јавност подетално да се запознае со текот на рочиштата по предметите во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите подолу е даден детален приказ на досега закажаните и одржани рочишта, како и статистички приказ на бројот на закажани и одложени рочишта по предметите кои ги застапува ова Јавно обвинителство.

НСК-КО бр.1/15 ТИТАНИК – КОК.бр.7/18
На ден 02.04.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 12.04.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 26.04.2018 година беше одржана главната расправа и се расправаше по процесни приговори на одбраната Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 02.05.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 09.05.2018 година беше одржана главна расправа и беа дадени воведни говори од страна на застапникот на обвинението од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 21.05.2018 година беше одржана главна расправа и на истата беа дадени воведни говори од страна на обвинетите и одбраната. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 28.05.2018 година беше одржана главна расправа и на истата беа дадени воведни говори од страна на обвинетите и одбраната. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 31.05.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 03.07.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 16.08.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 17.08.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 20.08.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.

НСК-КО Бр.11/15 ТИТАНИК 2 – КОК.бр.62/17
На ден 24.04.2018 година пред започнување на главната расправа со воведни говори, Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесе технички исчистен текст на диспозитивот и правната квалификација на обвинителниот акт НСК-КО бр.11/15 без лицата за кои е одбиено обвинението. Главната расправа се одложи со цел странките да се запознаат со прецизираниот обвинителен акт. Јавни обвинители присутни на рочиште Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.
На ден 10.05.2018 година беше одржана главната расправа со воведен говор на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.
На ден 22.05.2018 година беше одржана главната расправа која продолжи со давање воведен говор од страна на бранителите на обвинетите и обвинетите.
Јавни обвинители присутни на рочиште Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.
На ден 06.07.2018 година беше одржана главна расправа која продолжи со изведување на предложените материјални докази од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.
На ден 27.08.2018 година беше одржана главна расправа која продолжи со изведување на предложените вербални докази – испитување на сведоци од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.
На ден 06.09.2018 година беше одржана главна расправа на која претставник од Државното правобранителство на Република Македонија предјави оштетно побарување. Јавни обвинители присутни на рочиште Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.

НСК-КО бр.15/15 ТРАНСПОРТЕР – КОК бр.30/17
На ден 07.03.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението, беа сослушани сведоци и тоа претставник на Министерството за образование и државниот правобранител на Република Македонија за подрачјето на Општина Битола. Јавни обвинители присутни на рочиште Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе.
На ден 09.03.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и сослушување на сведоци. Јавни обвинители присутни на рочиште Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе.
На ден 13.04.2018 година пред отпочнување на расправата до судот од страна на одбраната беше поднесено барање за изземање и истата продолжи со доказната постапка со сослушување на сведоци. Јавни обвинители присутни на рочиште Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе.
На ден 27.04.2018 година на оваа главна расправа се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и се продолжи со сослушување на сведоците предложени од страна на ова Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе.
На ден 11.05.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 30.05.2018 година на главната расправа се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и се продолжи со сослушување на сведоци предложени од страна на ова Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 02.07.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 05.07.2018 година на оваа главна расправа се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и се продолжи со сослушување на сведоци предложени од страна на ова Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.

НСК-КО бр.17/15 ТАРГЕТ-ТВРДИНА – КОК бр.47/17
На ден 27.03.2018 година главната расправа беше одложена од причини што постапката за екстрадиција на обвинетите Г.Г. и Н.Б. од Р. Грција во Р. Македонија е се уште во тек и е во фаза на жалбена постапка и до овој момент не е донесена конечна одлука на правосудните органи на Р. Грција по барањето за екстрадиција на обвинетите.
На ден 15.05.2018 година беше одржано рочиште и ова јавно обвинителство, имајќи го предвид произнесувањето на бранителот на обвинетите Г.Г. и Н.Б. дека на ден 18.05.2018 година Врховниот суд на Р. Грција ќе се објави одлуката по која што ќе се знае дали судот во Р. Грција ќе го уважи барањето за екстрадиција или ќе го одбие, предложи согласно чл.29 од ЗКП да се раздвои постапката за обвинетите Г.Г. и Н.Б. од особено важни причини, имајќи го предвид интересот на јавноста за овој предмет како и од причини на целесообразност. Судот поради економичност и целесообразност одлучи главната расправа да биде одложена, односно да се причека исходот од постапката за екстрадиција, како и тоа дека за предлогот на ова Јавно обвинителство ќе одлучи дополнително на следното рочиште.
На ден 19.06.2018 година беше одржано рочипте и имајќи го предвид поднесокот на бранителот на обвинетата Г.Ј. со кој го известува судот за спреченост на обвинетата да присуствува на главната расправа поради отворено породилно отсуство, а во врска со ризична бременост, ова Јавно обвинителство по извршениот увид во поднесокот, предложи согласно чл.29 од ЗКП постапката за обвинетата Г.Ј., да биде раздвоена. Судот во насока на економичност и целесообразност на постапката донесе решение со кое постапката по предметот во однос на обвинетата Г.Ј. се раздвојува. Понатаму на рочиштето, имајќи го предвид податокот дека на 18.05.2018 година преку медиумите е објавена одлуката на Врховниот суд на Р. Грција со која е одбиено барањето за екстрадиција на обвинетите Г.Г. и Н.Б., како и тоа што бранителот на обвинетите достави одлуки за прекинување – укинување на екстрадициониот притвор на обвинетите, ова Јавно обвинителство предложи постапката за обвинетите Г.Г. и Н.Б. да се раздвои. Судот во насока на економичност и целесообразност на постапката донесе решение со кое постапката по предметот во однос на обвинетите Г.Г. и Н.Б., како и по однос на обвинетата Г.Ј. која што постапка претходно беше раздвоена, истата да се раздвои и посебно да се доврши со оформување на нов предмет. Во продолжение на рочиштето, бранителите на обвинетите С.М. и В.С. дадоа предлог за запирање на постапката спрема обвинетите поради постоење на Одлука за помилување донесени од страна Претседателот на Р. Македонија. Со оглед да судечкиот совет треба да донесе одлука по однос на предлозите за запирање на постапката, одлучи рочиштето да го одложи.
На ден 31.08.2018 година беше одржано рочиште и ова Јавно обвинителство предложи судот да го отповика претходното решение за раздвојување на постапката во однос на обвинетата Г.Ј. и да донесе решение со кое ќе се спроведе единствена постапка во однос на останатите обвинети вклучувајќи ја и обвинетата Г.Ј. По однос на предлогот за спојување на постапката спрема обвинетата Г.Ј. судот ќе одлучи на наредното закажано рочиште. Во продолжение на рочиштето судот донесе решение за одржување на главната расправа. Пред почетокот на главната расправа, а по повод предлогот на одбраната поднесен на претходното рочиште за запирање на постапката спрема обвинетите, поради акт на помилување – аболиција, судот донесе решение со кое го одби предлогот на одбраната. Рочиштето продолжи со држење на воведни говори на ова Јавно обвинителство и на обвинетиот Т.Ј. и неговиот бранител. Од страна на одбраната беше истакнат приговор во насока на оспорување на стварната надлежноста на ова Јавно обвинителство да се јави како овластен тужител во овој предмет. По советување, судот донесе решение со кое се одбива приговорот на одбраната за стварната ненадлежност на ова Јавно обвинителство. Со оглед да е потребно на наредното закажано рочиште судот да се произнесе по предлогот на ова Јавно обвинителство за спојување на раздвоената постапка по однос на обвинетата Г.Ј., судот одличи да го одложи рочиштето.

НСК-КО 21/15 ТНТ – КОК бр. 53/17
На ден 16.03.2018 година беше одржана главната расправа и на истата беа дадени воведни говори од страна на одбраната и обвинетите. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Стевчо Донев.
На ден 05.04.2018 година главната расправа беше одложена, бидејќи од страна на одбраната беше поднесено барање за изземање. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Лиле Стефанова.
На ден 13.04.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Лиле Стефанова.
На ден 04.05.2018 година беше одржана главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Лиле Стефанова.
На ден 11.06.2018 година беше одржана главната расправа и истата продолжи со доказната постапка на која беа презентирани аудио материјалите и смс пораки. Јавен обвинител присутен на рочиште Бурим Рустеми.
На ден 03.07.2018 година беше одржана главна расправа и на истата беа изведени со читање материјални докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Бурим Рустеми.
На ден 29.08.2018 година главната расправа беше одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Бурим Рустеми.

НСК-КО бр.1/16 ТИТАНИК 3
На ден 16.03.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 27.04.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 08.05.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 11.05.2018 година главната расправа беше одржана и на истата беа дадени воведни говори од страна на застапникот на обвинението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 19.06.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 22.06.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 28.06.2018 година главната расправа беше одржана и на истата беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавото обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Стевчо Донев.

НСК-КО бр.2/16 ТОРТУРА – К.бр.1959/17

На ден 28.02.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски.
На ден 23.03.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски.
На ден 07.05.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски.
На ден 13.06.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски.
На ден 09.07.2018 година главната расправа беше одржана и истата започна со воведни говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетите. Од страна на оштетениот и неговиот бранител беше предјавено имотноправно барање. Јавен обвинител присутен на рочиште Љубомир Лапе.

ЈАВНА СЕДНИЦА ПРЕД АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ ЗА ТВРДИНА 2 (НСККО бр.6/16)
На ден 28.03.2018 година беше одржана јавна седница во Апелационен суд Скопје по повод изјавените жалби од страна на Горан Грујевски и Валентина Симоновска, против првостепената пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.1905/16 од 08.11.2017 година. Јавен обвинител присутен на јавна седница Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

НСК-КО бр.7/16 Насилство во Општина Центар

На ден 05.03.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) главната расправа е одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Фатиме Фетаи.
На ден 13.03.2018 година главната расправа е одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 27.03.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) главната расправа е одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 03.04.2018 година главната расправа е одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 05.04.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) беше одржана главната расправа и на истата беше изјаснувањето на вештото во однос на изготвеното психијатриско вештачење. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 13.04.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) беше одржана главна расправа и на истата од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше достави поднесок со технички измени на обвинителниот предлог, каде одбраната побара одложување со цел обвинетиот да биде запознаен со прецизираната содржина на обвинението. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 19.04.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 03.05.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 01.06.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 05.06.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) главната расправа беше одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Фатиме Фетаи.
На ден 06.06.2018 година беше одржана главната расправа и на истата беа сослушувани сведоци. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 22.06.2018 година беше одржана главната расправа и на истата беа сослушувани сведоци-оштетени. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 09.07.2018 година беше одржана главната расправа и на истата беа сослушувани сведоци-оштетени. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 10.07.2018 година (раздвоена постапка за Димче Крстев) главната расправа беше одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Фатиме Фетаи
На ден 13.07.2018 година беше одржана главната расправа и на истата беа сослушувани сведоци. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 30.08.2018 година беше одржана главната расправа и на истата беше сослушан сведок-оштетен. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

НСК-КО бр. 8/16 ТРЕЗОР – III КОК бр. 60/17
На ден 29.03.2018 година закажаното рочиште беше одложено.
На ден 17.05.2018 година закажаното рочиште беше одложено.
На ден 28.06.2018 година беше одржано закажаното рочиште на кое од страна на Судечкиот совет беше усвоен предлогот поднесен страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а согласно чл.365 ст.3 од ЗКП на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, бидејќи истиот не е достапен на државните органи на прогон на РМ. Исто така, беа дадени воведните говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одбраната како и презентација на аудио материјалите од незаконското следење на комуникациите. Присутни Јавни обвинители на рочиште Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

НСК-КО 9/16 ТОПЛИК – КОК бр.57/17
На ден 30.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа дадени воведни говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетите. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Лиле Стефанова.
На ден 20.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа презентирани аудио материјалите. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Лиле Стефанова.
На ден 11.05.2018 година беше одржана главна расправа и на истата беа изведени со читање материјални докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Бурим Рустеми и Лиле Стефанова.
На ден 29.06.2018 година беше одржана главна расправа и истата продолжи со изведување на материјалните докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Бурим Рустеми.

НСК – КО бр.10/16 ТЕНДЕРИ – X КОК.бр.64/17
На ден 13.03.2018 година беше одржана главна расправа на која од страна на судот беа донесени процесни решенија по повод истакнатите приговори од страна на одбраната, а исто така беа дадени воведни говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Лиле Стефанова.
На ден 13.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа презентирани аудио материјалите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Лиле Стефанова.
На ден 14.05.2018 година беше одржана главна расправа и на истата беа изведени со читање материјални докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 20.06.2018 година беше одржана главна расправа и на истата по барање на одбраната беа презентирани материјалните докази на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 13.07.2018 година закажаната главна расправа беше одложена.

НСК – КО бр.11/16 ШПИОН – 07 КОК.бр.99/16
На ден 19.04.2018 година главниот претрес беше одложен. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 17.05.2018 година главниот претрес не беше одржан поради неприсуство на обвинет, а на истото рочиште е извршено спојување на повторената постапка КОК 99/16 со предметот оформен против обвинетиот Зоран Божиновски КОК 79/16, а по предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 27.06.2018 година беше одржан главниот претрес на кој беше донесено решение да се води единствена постапка, додека од страна на одбраната беше побарано прецизирање на обвинителниот акт. Исто така, беше донесено решение со кое кривичната постапка се запира спрема обвинетите за кривични дела опфатени во точката 27. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.

НСК-КО бр.12/16 СОПОТ – KOK.бр.53/10
На ден 19.03.2018 година беше одржано судското рочиште каде што во завршен збор Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се откажа од обвинителниот акт. На рочиштето беше присутен Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Катица Јанева и Јавен обвинител Бурим Рустеми.

НСК-КО бр.2/17 ТАРИФА – КОК бр.51/17
На ден 01.03.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители пристуни на рочиште Трајче Пеливанов и Стевчо Донев.
На ден 15.03.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 22.03.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители пристуни на рочиште Трајче Пеливанов и Стевчо Донев.
На ден 29.03.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Јавни обвинители пристуни на рочиште Трајче Пеливанов и Стевчо Донев.
На ден 11.04.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 24.04.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 26.04.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители пристуни на рочиште Трајче Пеливанов и Стевчо Донев.
На ден 07.05.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението и беа сослушани сведоци предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 10.05.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 16.05.2018 година главната расправа беше одржана и на истата се пристапи кон изведување на доказите на обвинението, а беше и сослушан сведок-претставник на оштетеното АД ЕЛЕМ Скопје, предложен од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 29.05.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 04.06.2018 година главната расправа беше одржана и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението, се презентираа аудио разговори, се читаа и презентираа писмените докази. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 05.06.2018 година главната расправа беше одржана која продолжи со изведување на доказите на обвинението. Јавни обвинители пристуни на рочиште Трајче Пеливанов и Стевчо Донев.
На ден 12.06.2018 година главната расправа беше одржана која продолжи со изведување на доказите на обвинението. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 26.06.2018 година беше одржана главна расправа и се пристапи кон изведување на доказите на обвинението, а беше сослушан и сведок предложен од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 09.07.2018 година беше одржана главна расправа и се продолжи со изведување на доказите на обвинението како и со испитување на вештото лице Ќире Јаќимоски. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 11.07.2018 година беше одржана главна расправа и се продолжи со изведување на доказите на обвинението како и со испитување на вештото лице Ќире Јаќимоски. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.
На ден 12.07.2018 година беше одржана главна расправа и се продолжи со изведување на доказите на обвинението како и со испитување на вештото лице Киро Костов. Јавен обвинител присутен на рочиште Трајче Пеливанов.

НСК – КО бр.3/17 ТЕНК – IX КОК.бр.59/17
На ден 12.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Гаврил Бубевски.
На ден 15.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Бурим Рустеми.
На ден 21.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Гаврил Бубевски.
На ден 10.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беше барано изземање на судечкиот совет, претседател на Основен суд Скопје I Скопје како и в.д претседател на Апелационен суд и негов заменик, беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите како и презентација на аудио материјалите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Ленче Ристоска.
На ден 11.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа изведени со читање материјални докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите како и сослушување сведоци на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Ленче Ристоска.
На ден 18.04.2018 година беше одржана главна расправа на која постапката за обвинетата Гордана Јанкулоска поради ризична бременост беше раздвоена, а по предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради принципот економичност на постапката. Главната расправа продолжи со сослушување сведоци на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Ленче Ристоска.
На ден 20.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушани сведоци на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Гаврил Бубевски.
На ден 23.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушани сведоци на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Ленче Ристоска.
На ден 25.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушани сведоци на одбраната како и вештите лица кои беа предложени од страна на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Ленче Ристоска.
На ден 08.05.2018 година беше одржана главна расправа на која беа изведени со читање материјакните докази на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Ленче Ристоска.
На ден 14.05.2018 година беше одржана главна расправа на која имаше дополнување на доказната постапка од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одбраната. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 17.05.2018 година беше одржана главна расправа на која беа дадени завршни зборови. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Гаврил Бубевски.
На ден 23.05.2018 година беше објавата на пресудата по кривичниот предмет IX КОК.бр.59/17.

ЈАВНА СЕДНИЦА ПРЕД АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ ЗА ТЕНК (НСК-КО бр.3/17)
На ден 30.08.2018 година јавната седница беше одложена.
На ден 31.08.2018 година беше одржана јавна седница во Апелационен суд Скопје по повод поднесените жалби од страна на одбраната и обвинетиот против првостепената пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје за кривичниот предмет 09 КОК -59/17.
На ден 05.09.2018 година беше одржана јавна седница во Апелационен суд Скопје по повод поднесените жалби од страна на одбраната и обвинетиот против првостепената пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје за кривичниот предмет 09 КОК -59/17.

НСК – КО бр.3/17 ТЕНК – IX КОК.бр.21/18
На ден 01.06.2018 година беше одржана главна расправа на која од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше поднесен предлог за изготвување на вешт наод и мислење од стручно лице специјалист по генекологија и акушерство, а со цел да се утврди дали обвинетата Гордана Јанкулоска е во состојба да го следи судењето. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 13.06.2018 година беше одржана главна расправа на која беше разгледувано доставеното мислење од страна на одбраната изготвено од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 29.06.2018 година главната расправа беше одложена.
На ден 29.08.2018 година беше одржана главна расправа на која беа дадени воведни говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетата, а беа и сослушувани и сведоци предложени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 30.08.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 04.09.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.
На ден 05.09.2018 година беше одржана главна расправа на која беа изведени со читање материјални докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Стевчо Донев.

НСК-КО бр. 4/17 ТРУСТ – XIX К.бр.1459/17
На ден 06.03.2018 година закажаната главна расправа беше одложена.
На ден 29.03.2018 година продолжи главната расправа во фаза на доказна постапка. Од страна на одбраната беше испитуван техничкиот советник – вешто лице, кое беше предложено од нивна страна. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 05.04.2018 година закажаната главна расправа беше одложена.
На ден 10.04.2018 година закажаната главна расправа беше одложена.
На ден 24.04.2018 година главната расправа продолжи со испитување на техничкиот советник – вешто лице кое беше предложено од страна на одбраната. Техничкиот советник беше испитуван од страна на застапниците на обвинението од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 08.05.2018 година закажаната главна расправа беше одложена.
На ден 17.05.2018 година закажаната главна расправа беше одложена.
На ден 22.05.2018 година се продолжи со главната расправа во фаза на доказна постапка. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 07.06.2018 година главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка. Главната расправа продолжи со испитување на обвинетиот од страна одбраната и Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 14.06.2018 година главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка. На главната расправа од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до одбраната беа доставени транскрипти од аудио разговори од незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 03.07.2018 година главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка. На главната расправа беа презентирани аудио разговорите од незаконското следење на комуникациите. По завршување на доказната постапка, од страна на обвинителството беше даден Предлог за дополнување на доказната постапка. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 12.07.2018 година главната расправа беше одржана и беа дадени завршни зборови од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 16.07.2018 година главната расправа беше одржана и беа дадени завршни зборови од страна на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 17.07.2018 година главната расправа беше одржана и беа дадени завршни зборови од страна на обвинетите. Јавни обвинители присутни на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
На ден 20.07.2018 година беше објавата на пресудата по кривичниот предмет XIX К.бр.1459/17. Присутни Јавни обвинители на рочиште Артан Ајро и Гаврил Бубевски.

НСК – КО бр.6/17 ТРИСТА – IX КОК.бр.40/17
На ден 20.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 23.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 28.03.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 03.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушувани сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 24.04.2018 година беше одржана главна расправа на која беа изведени со читање материјални докази од листата на докази која е во прилог на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 30.04.2018 година беше одржана главна расправа на која парично беа казнети вештото лице и стручната установа, поради неоправдување на отсуство од главна расправа. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 03.05.2018 година беше одржана главна расправа на која беа сослушани вештото лице и техничкиот советник кои беа предложени од страна на одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 10.05.2018 година беше одржана главна расправа на која беше сослушан обвинетиот како и дополнување на доказната постапка од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одбраната. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 16.05.2018 година беше одржана главна расправа на која беа дадени завршни зборови. Јавни обвинители присутни на рочиште Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
На ден 22.05.2018 година беше објавата на пресудата по кривичниот предмет IX КОК.бр.40/17 на која беше истакнат предлог за определување мерка притвор спрема обвинетиот. Со решение донесено од страна на Основниот суд Скопје I Скопје на ден 22.05.2018 година се определи мерка притвор спрема обвинетиот Ѓоко Поповски се до започнување на издржување на казна затвор.
Јавен обвинител присутен на рочиште Фатиме Фетаи.

НСК-КО бр.7/17 ТОТАЛ – К бр.1493/17
На ден 30.03.2018 година главната расправа беше одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 11.04.2018 година главната расправа беше одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 14.05.2018 година главната расправа беше одржана и на истата беа дадени примероци од транскриптите на обвинетиот и обвинетите правни лица, како и одлучување по приговори и барања кои беа истакнати од страна на одбраната. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 02.07.2018 година главната расправа беше одржана и на истата беа дадени воведни говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетите. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 11.07.2018 година главната расправа беше одржана и истата започна со доказната постапка на која беа презентирани аудио материјалите. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.

ЈАВНА СЕДНИЦА ПРЕД АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ ЗА ТИФАНИ (НСК-КО бр.8/17)
На ден 09.07.2018 година беше одржана јавна седница во Апелационен суд Скопје по повод изјавените жалби од страна на обвинетата, обвинетото правно лице и на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои прозилегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, против првостепената пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.144/18 од 19.02.2018 година. Јавен обвинител присутен на јавна седница Стевчо Донев.

НСК-КО бр.9/17 ТРАЕКТОРИЈА – I КОК.бр.52/17
На ден 01.03.2018 година беше одржана главна расправа на која судот одлучуваше по приговорите кои беа истакнати од страна на одбраната за издвојување на ЦД-ата со аудио материјали и смс пораки и за издвојување на вештачењата, при што истите ги одби како неосновани. Исто така, од страна на застапникот на обвинението од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетите. Јавни обвинители присутни на рочиште Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.
На ден 20.03.2018 година главната расправа беше одложена. Јавни обвинители присутни на рочиште Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.
На ден 17.04.2018 година беше одржана главна расправа на која одбраната стави предлог за изземање на судечкиот совет, на претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје и заменик претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, како и на двајца судии од Апелационен суд Скопје. Предлогот за изземање на претседателот и заменик претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, како и предлогот за изземање на судиите од Апелационен суд Скопје се отфрлени како недозволени, а предлогот за изземање на судечкиот совет е одбиен како неоснован со решение. Доказната постапка почна со изведување на материјални докази предложени од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и презентиран аудио материјал. Јавни обвинители присутни на рочиште Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.
На ден 23.05.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.
На ден 29.05.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 26.06.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 04.07.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавен обвинител присутен на рочиште Лиле Стефанова.
На ден 12.07.2018 година беше одржана главна расправа и во продолжение на доказната постапка беа презентирани аудио материјали предложени како докази од страна на Јавно обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јавни обвинители присутни на рочиште Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

НСК-КО бр.10/17 ТРЕВНИК – К.бр.238/18
На ден 14.03.2018 година главната расправа беше одложена. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 16.05.2018 година главната расправа беше одложена, но беше врачен примерок од транскриптите на обвинетите на нивно запознавање. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 27.06.2018 година главната расправа беше одржана и на истата беа дадени воведни говори од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, одбраната и обвинетите. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 04.07.2018 година главната расправа беше одржана и истата започна со доказната постапка на која беа презентирани аудио материјалите. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.
На ден 09.07.2018 година главната расправа беше одржана и истата продолжи со презентирање на аудио материјалите. Јавен обвинител присутен на рочиште Елизабета Јосифоска.

НСК-КО бр.5/18 МОНСТРУМ
На ден 17.04.2018 година рочиштето беше одложено.
На ден 16.05.2018 година беше одржано рочиште на кое се вршеше распит на обвинети. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На ден 23.05.2018 година беше одржано рочиште на кое се вршеше распит на обвинети. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.
На ден 12.06.2018 година беше одржано рочиште на кое се презентираше снимка со исказ даден од обвинет пред Јавен обвинител од ОЈО за организиран криминал и корупција. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.
На ден 25.06.2018 година беше одржано рочиште кое продолжи со доказната постапка, односно се сослушуваа сведоци. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Артан Ајро.
На ден 06.07.2018 година рочиштето беше одложено.
На ден 11.07.2018 година рочиштето беше одложено.
На ден 22.08.2018 година на рочиштето беше сослушуван заштитениот сведок со псевдоним „Е 1“. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.
На ден 24.08.2018 година на рочиштето беше сослушуван заштитениот сведок со псевдоним „Е 1“. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.
На ден 31.08.2018 година на рочиштето беше сослушуван заштитениот сведок со псевдоним „Е 1“. Јавни обвинители присутни на рочиште Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

Рочишта по предмети
1. ТИТАНИК – 12 рочишта
2. ТИТАНИК 2 – 6 рочишта
3.ТРАНСПОРТЕР – 8 рочишта
4.ТАРГЕТ-ТВРДИНА – 4 рочишта
5.ТНТ – 7 рочишта
6.ТИТАНИК 3 – 7 рочишта
7.ТОРТУРА – 5 рочишта
8.ТВРДИНА 2 – 1 рочиште
9. НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР – 9 рочишта, а издвоена постапка за
Д.К. (14К.бр.1747/1) -7 рочишта
10.ТРЕЗОР – 3 рочишта
11. ТОПЛИК – 4 рочишта
12. ТЕНДЕРИ – 5 рочишта
13. ШПИОН – 3 рочишта
14. СОПОТ – 1 рочиште
15. ТАРИФА – 18 рочишта
16. ТЕНК – 16 рочишта
17. ТЕНК (раздвоена постапка за Г.Ј.) – 7 рочишта
18. ТРУСТ – 15 рочишта
19. ТРИСТА – 10 рочишта
20. ТОТАЛ – 5 рочишта
21. ТИФАНИ – 1 рочиште
22. ТРАЕКТОРИЈА – 8 рочишта
23. ТРЕВНИК – 5 рочишта
24. МОНСТРУМ – 10 рочишта

БРОЈ НА ОДРЖАНИ И ОДЛОЖЕНИ СУДСКИ РОЧИШТА ПО ПРЕДМЕТИ

1. ТИТАНИК – 12 рочишта закажани, а одложени се 5 рочишта и тоа на ден 02.04.2018,12.04.2018, 02.05.2018, 31.05.2018 и 03.07.2018 година
2. ТИТАНИК 2 – 6 рочишта закажани, а одложено е само едно на ден 24.04.2018 година
3.ТРАНСПОРТЕР – 8 рочишта закажани, а одложени се 2 рочишта и тоа на ден 11.05.2018 и 02.07.2018 година
4. ТАРГЕТ-ТВРДИНА – 4 рочишта закажани, а одложени се 3 рочишта и тоа на ден 27.03.2018, 15.05.2018 и 19.06.2018 година
5. ТНТ – 7 рочишта закажани, одложени се 3 рочишта и тоа на ден 05.04.2018, 04.05.2018 и 29.08.201/8
6. ТИТАНИК 3 – 7 рочишта закажани, а одложени се 5 рочишта и тоа на ден
16.03.2018, 27.04.2018, 08.05.2018, 19.06.2018 и 22.05.2018 година
7. ТОРТУРА – 5 рочишта закажани, одложени се 4 рочишта и тоа на ден
28.02.2018, 23.03.2018, 07.05.2018 и 13.06.2018 година
8. ТВРДИНА 2 – 1 рочиште – јавна седница пред Апелационен суд Скопје
9. НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР – 9 рочишта закажани а одложени се 4 рочишта и тоа на ден 13.03.2018, 03.04.2018, 19.04.2018 и 01.06.2018, а за издвоена постапка за Д.К. (14К.бр.1747/1), 7 рочишта се закажани а одложени се 5 рочишта и тоа на ден 05.03.2018, 27.03.2018, 03.05.2018, 05.06.2018 и 10.07.2018 година
10. ТРЕЗОР – 3 рочишта закажани, а одложени се 2 рочишта и тоа на ден
29.03.2018 и 17.05.2018 година
11. ТОПЛИК – 4 рочишта, нема одложени рочишта
12. ТЕНДЕРИ – 5 рочишта закажани, само едно е одложено на ден 13.07.2018 година
13. ШПИОН – 3 рочишта закажани, а 1 рочиште е одложено на ден 19.04.2018 година
14. СОПОТ – 1 рочиште не е одложено рочиштето
15. ТАРИФА – 18 рочишта закажани, а одложени се 2 рочишта и тоа на ден 10.05.2018 и 29.05.2018 година
16. ТЕНК – 16 рочишта, 1 одложено рочиште – Јавната седница од 30.08.2018 година пред Апелационен суд Скопје
17. ТЕНК (раздвоена постапка за Г.Ј.) – 7 рочишта (издвоената постапка за Гордана Јанкулоска само едно беше одложено од 29.06.2018 година)
18. ТРУСТ – 15 рочишта закажани, а одложени се 5 рочишта и тоа на ден
06.03.2018, 05.04.2018, 10.04.2018, 08.05.2018 и 17.05.2018 година
19. ТРИСТА – 10 рочишта, нема одложени рочишта
20. ТОТАЛ – 5 рочишта закажани, а одложени се 2 рочишта и тоа на ден 30.03.2018 и 11.04.2018 година
21.ТИФАНИ- 1 рочиште – јавна седница пред Апелационен суд Скопје одржана на 09.07.2018 година
22. ТРАЕКТОРИЈА – 8 рочишта закажани, а одложено е само едно на ден 20.03.2018 година
23. ТРЕВНИК – 5 рочишта закажани, а одложени се 2 рочишта и тоа на ден 14.03.2018 и 16.05.2018 година
24. МОНСТРУМ – 10 рочишта закажани, а одложени се 3 рочишта и тоа на ден 17.04.2018, 06.07.2018 и 11.07.2018 година

V. Соработка на ова јавно обвинителство со други државни органи

Во текот на шестиот извештаен период од страна на поголем дел од институциите продолжи подготвеноста за соработка со ова Јавно обвинителство за постапување во рамки на законски пропишаните обврски.

Воедно, воспоставената меѓуинституционална соработка меѓу ова Јавно обвинителство и Јавното обвинителство на Република Македонија која ја потенциравме во претходниот Извештај продолжи и во текот на овој извештаен период како од аспект на потребата од соработка во функција на реализирање на суштинските реформи во правосудството така и од аспект на почитување на законските обврски во смисла на доставување на предметите побарани од страна на ова Јавно обвинителство.

Специјалниот јавен обвинител во рамки на петтиот извештаен период учествуваше на седниците на Советот за следење на имплементацијата на Стартегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година). Покрај тоа, Специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители во ова Јавно обвинителство активно учествуваа во работните групи за измени во законодавството согласно усвоената Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

Сметаме дека ни претставува обврска да потенцираме дека како и во петиот, така и во шестиот извештаен период сеуште сериозно загрижува фактот што од страна на надлежните институции не се преземени конкретни мерки за изготвување на соодветни законски решенија во утврдената временска рамка, а со кои би се регулирала и на соодветен начин би се решила правната положба на Специјалното јавно обвинителство согласно целите утврдени со Стратегијата.

VI. Меѓународна соработка на јавното обвинителство со меѓународните институции и тела

Исклучително важен елемент во поддршка на работата на ова Јавно обвинителство, а кој е истакнат и во претходните извештаи е потребата од користење на меѓународната правна помош и соработка имајќи го предвид меѓународниот елемент присутен во значаен дел од предметите кои се водат пред ова Јавно обвинителство, како и фазите во кои голем дел од предметите се наоѓаат.

Во рамки на овој извештаен период одржани се средби на Специјалниот јавен обвинител со претставници на различни меѓународни институции и тела кои изразија интерес за работата на ова Јавно обвинителство истакнувајќи ја важноста од исполнување на мандатот кој му е доделен на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите како една од институциите која има одговорност да обезбеди владеење на правото во Република Македонија.

Значењето на ова Јавно обвинителство како еден од исклучително важните институционални механизми во обезбедување на владеење на правото, како и потребата од создавање на законски услови со кој на ова Јавно обвинителство ќе му се овозможи до крај да ги истражи кривичните дела за кои е надлежно е нотирано и во Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година на Европската Комисија во кој се наведува дека “Треба да се најде законско решение за да се обезбеди законска отчетност за кривичните дела што се однесуваат на и кои произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. За ова е потребна измена на законодавството за да се осигурa дека работата што ја извршува Спцијалното јавно обвинителство може да се спроведе. При тоа, се нотира дека е потребно да се преземат сите неопходни мерки за да го интегрира Специјалното јавно обвинителство во рамките на обвинителскиот систем на трајна основа за да се заврши утврдувањето на одговорност на прислушувањата”.

Во согласност со одредбите од ратификуваниот Договор за соработка помеѓу Република Македонија и ЕВРОПРАВДА (EUROJUST) на ова Јавно обвинителство му е овозможено да соработува со ЕВРОПРАВДА имајќи предвид дека е опредлен јавен обвинител за врска од ова Јавно обвинителство, како и контакт точка од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Изразуваме уверување дека ваквиот начин на соработка кој е од особена важност за работата на ова Јавно обвинителство ќе придонесе за поефикасна соработка на меѓународен план како исклучително важен елемент и предуслов од кој зависи натамошниот тек на предметите во кои нејзиното користење е неопходно.

Ценејќи ја законската надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, но и искуството стекнато со досегашната работа ова Јавно обвинителство започнувајќи од овој извештаен период е дел од “Проектот – Судски водич за следење на комуникациите” кој е дел од ДЦАФ Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор започната во 2017 година како поддршка на националните реформски активности за развивање на одговорност и управување во безбедносниот и разузнавачкиот сектор, во согласност со европските стандарди и добри пракси. Убедени сме дека овој проект значајно ќе приднесе за јакнење на правосудните капацитети и ќе обезбеди експертиза во одобрувањето и надзорот над употребата над интрузивните методи за собирање на информации од страна на разузнавачките служби и органите за спроведување на законите. Истовремено, една од целите на изготвувањето на овој судски водич е да обезбеди концизен, практичен преглед на принципите и постојните стандарди кои можат да им служат како водич на членовите на правосудството (судиите и обвинителите).

Како резултат на досегашната соработка на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамки на “Проектот за следење на судските предмети во надлежност на Специјалното јавно обвинителство од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје” на 29-ти август 2018 година беше организиран настан за презентација на Првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство каде со свое излагање учествуваше и Специјалниот јавен обвинител. Ова Јавно обвинителство ценејќи ја контиуираната поддршка во работата од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје како и интересот за следење на активностите преземени од наша страна, ќе ги има во предвид заклучоците и препораките опфатени со Првиот преоден извештај во функција на обезбедување на транспретност и отчетност во своето работење. Во оваа насока, сметаме дека “овој извештај за прв пат детално го отсликува целокупниот процес од основањето на Специјалното јавно обвинителство, фазите на градење на институцијата преку спроведената работа и постигнатите резултати, предизвиците и препреките со кои се соочивме, но и мотивот и посветеноста да продолжиме се со цел да ја исполниме мисијата која ни е доверена и да се справиме со неказнивоста и да обезбедиме владеење на правото во Република Македонија”.

Ова Јавно обвинителство и во текот на овој извештаен период продолжи со активностите со поддршка на Проектот „Заедно за одговорност: Поддршка на Специјалното јавно обвинителство во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка“ финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија преку програмата „Матра“ преку искористување на сите расположливи механизми за меѓународна правна помош и соработка во поддршка на работата на ова Јавно обвинителство, единствено во насока на целосно и темелно истражување и гонење на кривичните дела кои се во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Дополнително, во овој период продолживме активно да учествуваме и во активностите во рамки на ИПА/2017 Проектот “Справување со сериозен криминал во Западен Балкан” каде освен свој придонес преку проектните активности се обезбедува поддршка во работата на ова Јавно обвинителство.

Како и во дел од претходните извештајни периоди во периодот од март 2018 година до септември 2018 година ова Јавно обвинителство во рамки на кои активности јавни обвинители, истражители и стручни соработници од ова Јавно обвинителство учествуваа на конференции и обуки поврзани со заштитата на сведоци.

Како една од институциите која е директно вклучена во борбата против организираниот криминал, но и во спроведувањето на финансиски истраги, ова Јавно обвинителство е вклучено и во Проектот на UNODC – „Градење на регионалните капацитети за спречување на перење пари и спречување на финансирање тероризам во Југоисточна Европа”, чија основна цел е да ги идентификува главните технички потреби и потребите за обуки на службениците во институциите кои се вклучени во спроведување на законот за сериозен и организиран криминал и за финансиски истраги.

VII. Односи со јавноста

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од своето формирање во континуитет ја почитува праксата редовно да ја информира јавноста за активностите кои ги превзема во рамки на своите законски надлежности и е отворено за соработка со сите медиуми. Потребно е да се има предвид дека со оглед на тоа што во овој шестмесечен извештаен период поинтензивно се одвиваа поголем број на судски рочишта по предмети на ова Јавно обвинитеслство, на новинарите и во овој период им беше овозможено покрај следењето на судските процеси и директно да се информираат за текот и напредокот на постапките кои ги води ова Јавно обвинителство. Динамиката на закажување и одржување на судските рочишта а имајќи го при тоа предвид и започнувањето со изведувањето на аудио материјалите како дел од доказната постапка и во овој период покажа континуитет во интересот на медиумите за нашата работа кое се потврдува и преку архивата на објави кои во електронска форма во овој период бројат повеќе од 2500 новинарски објави поврзани со работата на ова Јавно обвинителство.
Уште една потврда на континуитетот во транспарентното работење како и доследната заложба за информирање на граѓаните и пошироката стручна јавност за работата на ова Јавно обвинителство, почитувајќи го јавниот интерес претставува фактот што и во овој период сите поважни информации беа објавувани на веб – страницата на ова Јавно обвинителство jonsk.mk.

Во текот на овој извештаен период во просториите на ова Јавно обвинителство одржана е и една прес – конференција која на сите медиуми им овозможи да постават прашања поврзани со работата на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. И во овој период учествувавме со свои излагања на повеќе конференции, работилници и семинари. Воедно, Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите покрај едно телевизиско интервју, имаше повеќе јавни обраќања во кои беа изнесени ставови во врска со работата и активностите преземени од страна на ова јавно обвинителство.

Заложбата за транспарентност и за отвореност кон сите медиуми ова Јавно обвинителство ќе продолжи да ја спроведува и во наредниот период во насока на доследно почитување на начелата на транспарентност и отчетност во работењето.

VIII. Заклучни согледувања и идни предизвици

Ова Јавно обвинителство како досега така и во иднина ќе продолжи да постапува исклучиво во рамки на своите законски овластувања користејќи ги при тоа сите законски механизми кои ни стојат на располагање со цел да ги исполни своите законски предвидени надлежности и мисијата која му е доверена.

Во текот на овој извештаен период покрај подготвеноста на поголем дел од институциите да соработуваат со ова Јавно обвинителство во рамки на законски предвидените обврски изразуваме дека ваквата пракса ќе продолжи и во идниот период при што ова Јавно обвинителство изразува уверување дека покрај соработката на домашно ниво, ќе биде интензивирана соработката со меѓународните институции.

Заложбата за давање свој активен придонес во конечно поставување на функционален концепт на екипиран истражителски тим кој ќе претставува столб на успешен и ефикасен истражен центар во поддршка во работата на јавните обвинители и ефикасно водење на кривичната постапка од страна на ова Јавно обвинителство ќе продолжи и во идниот период преку употреба на искуствата и ефектите од успешно изградениот начин на соработка и функционирање на истражителскиот тим во рамки на ова Јавно обвинителство.
И покрај тоа што во извештајниот период не беа донесени потребните мерки за донесување на законските решенија со кои би се отстраниле пречките во постапувањето на ова Јавно обвинителство, а со кои би се регулирала положбата на ова Јавно обвинителство во функција на остварување на кривичната правда во рамки и овозможување на ова Јавно обвинителство до крај да ги истражи кривичните дела кои се во негова надлежност имајќи ја предвид улогата во процесот на обезбедување на целосно владеење на правото во Република Македонија, како и јавниот интерес, очекуваме во претстојниот период од страна на надлежните институции да се превземат потребните мерки за овозможување на законските услови ова Јавно обвинителство да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.
Иако една од карактеристиките и во шестиот извештаен период е присуството на јавните обвинители на закажаните рочишта изразуваме уверување дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија со што ќе ни се овозможи во соодветни судски постапки да ги докажеме кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија.

Чувствуваме обврска да го потенцираме ова ценејќи дека судот мора да ја има во предвид сериозноста на кривичните дела кои се предмет на обвиненијата поднесени од страна на ова Јавно обвинителство со цел обезбедување непречено водење на судските постапки како и избегнување на нивното непотребно одлагање. Во оваа прилика повторно ја истакнуваме обврската за воздржување од постапување кое е насочено кон успорување на правдата.

Во идниот период покрај учеството на судските рочишта, како резултат на опсегот на дејствија преземени во отворените предистражни постапки во ќе отвориме истраги за предмети во кои утврдувањето на вистината како и обезбедувањето на кривичната правда е од големо општествено значење и од исклучителен интерес за граѓаните на Република Македонија.

Ова Јавно обвинителство секогаш ќе се залага да обезбеди еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите стремејќи се да ја зголеми довербата на граѓаните во правосудниот систем преку транспарентно и независно постапување, за што гарант е автономноста на ова Јавно обвинителство.

Во оваа насока ова Јавно обвинителство и понатаму ќе остане одлучно во намерата да обезбеди независно, непристрасно и професионално водење на истрагите по однос на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

Total
0
Shares
Поврзани објави