СКАНДАЛ: Затвореникот кој во Струга дилал дрога, Санкции го пуштиле од КПУ Идризово ?

Затвореникот А.Р. кој успеа да и побегне на полицијата при последната акција во Струга и струшко за апсење банда дилери, Управата за санкции и директрот Јовица Стојановиќ против законски го пуштиле од заторот Идризово, дознава dosie.mk од извори од истрагта.
Затвореникот во затворот Идризово во Скопје издржувал казна за дрога. Бил со третман В3 што значи затворен третман. Овој затвореник со ваков третман не смеело да биде префрлен во друга установа со отворен третман што е предвидено со правилата на третмани во затворите. Затвореникот во Идризово немал исполнето услови ни за користење на прв викенд, а воопшто услов за префрлање во поповолни услови за издржување казна.
Доколку требало да биде префлен во друг затвор единствен во кој можело да го однесат е затворот во Штип, но никако во Струга. Струшкиот затвор е од отворен тип за отворен третман што значи дека затворениците може да излегуваат надвор.
Сега затвореникот е во бегство и не е јасно зошто директрот на санкции Стојановиќ дал дозвола за негово префрлање во Струга. Полицијата по акцијата најави дека се испитуваат сите замешани во оваа трговија со дрога , поради што во акцијата беше приведен и директорот на затворот Струга.
Карактеристично за уапсената група и затвореникот А.Р. кој е во бегство е што членовите се лица кои веќе се осудени и веќе издржувале казна затвор во КПД од отворен вид Струга. Во просторијата на бегалецот во затворот полицијата нашла докази и документи за нивните операции и продажба на марихуана. При претресите во четири објекти во селото Велешта осомничените биле пронајдени и четири пиштоли со рамки соодветни за истите, сите исполнети со куршуми. Биле пронајдени и пари како и други докази собрани во нивните домови но и во затворот Струга.
Полицијата најави дека истрагата продолжува во соработка со обвинителството за организиран криминал.

Total
0
Shares
Поврзани објави