Скопјани заминаа, охриѓани дезинфицираат

После тридневниот продолжен викенд во кој голем број на граѓани заминаа во Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот.

Во согласност со препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот COVID-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот, соопштија од Општина Охрид.

Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, Градскиот кеј и чаршијата.

Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.

извор и фото: Општина Охрид

Total
0
Shares
Поврзани објави