Четири нови случаи на коронавирус во Македонија – еден тежок случај – Дебар во кризна состојба

Владата на итна седница донела одлука за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, главното жариште на коронавирус во земјава.

Заострувањето на мерките за тој регион доаѓа откако денеска уште четворица жители на Дебар биле позитивни на тестот за коронавирус. Со тоа бројот на регистрирани случаи во земјава се искачи на 13, од кои 11 се од тој крај.

Кризната состојба би значела забрана за влез и излез од подрачјето опфатено со мерките преку блокирање и контрола на приодите од страна на полицијата.

Филипче потврди дека една жена е во потешка состојба и е се чека дали ќе се стави на респиратор.

Во понеделник претседателот Стево Пендаровски ќе одржи состанок на советот за бебзедност и ќе се одлучува за постапките понатаму и за изборите.

Total
0
Shares
Поврзани објави