Слава Ресен, Свадба Скопје, Мекици Охрид-кластерите на заразени добија имиња

Од 24 мај, па наваму се регистрирани повеќе од 40 големи кластери на позитини на ковид-19 на територијата на целата држава и неколку кластери, односно од 15 до 20 кластери на територијата на градот Скопје.
Најкрактеристични се големи кластери како „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ на кои присуствувале од 50 до 150 луѓе, а некаде и 200 луѓе.
Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и државен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, која посочи дека не можат да поверуваат како овие големи настани на кои присуствувале голем број на луѓе не биле забележани од МВР.
Семејните кластери, пак, имаат од четворица до 20 инфицирани со исто презиме, односно во една фамилија.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Русија пронајде лек за корона

Нов лек кој може да помогне во ублажување на најсериозните компликации предизвикани од коронавирусот регистрирале руските научници. Според…