Ромите од Делчево навредени-докторка ги нарече народ со “психоза“

Една несреќна изјава од директорката на здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска директоркат, ја крена на нозе ромската заедница, известува Нова тв.

Во изјавата Глигоровска истакнала дека лицето кое е заболено од Ковид-19 е лице од Ромска етничка припадност притоа дефинирајќи ја ромската заедница како, цитираме „Нивната психоза е малку подруга кога еден ќе се разболи сите се заедно“.

“Тоа беше една несреќно срочена изјава, употребив погрешен термин бидејќи бев многу возбудена кога давав изјава пред медиумите. Ќе им се извинам, зошто да не. Јас сум возрасна жена, со 40 годишно работно искуство, ренгенолог, без никаква дамка и многу сум разочарана. Дури размислувам да се пензионирам и да се отселам од градот“, изјави за НОВА, директорката Глигоровска.

Изјавата беше емитувана јавно на интернет порталот delcevo365.mk и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Од невладината организација „КХАМ“ бараат јавно извинување за изречените зборови, а поднеле и Претставка до Министерството за здравство, Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

“Можеби во случајот директорката при давањето на својата изјава изгубила од предвид дека терминот ,,Психоза“ е  група на болести што се карактеризираат со загуба на контакт со реалноста , неможност да се разграничи помеѓу она што е реално и нереално, имагинарно или она што реално не постои. Од тука таа била должна односно свесна дека употребувајќи го терминот,,Психоза“ ја стигматизира ромската заедница и  ја става под категоријата на болна етничка заедница со што ја доведува заедницата на јавна осуда, нетрпеливост, стереотипност, сегрегација и поразлична од другите етнички заедници во Делчево во негативна конотација, велат од НВО „КХАМ“.

Санела Момчилов координатор на здравствена програма во „КХАМ“вели дека со докторката Глигоровска имале одлична соработка, не само тие како НВО туку и граѓаните Роми од општина Делчево и заради тоа се изненандени од ваквата изјава. 

Од НВО сепак, бараат од надлежните институции да превзмат се што е во нивна надлежност во врска со конкретниот случај  за понатамошно спречување и заштита на пациентите.

„Согласно лекарскиот етички кодекс, законот за заштина на правата на пациентите, закон за заштита на лични податоци,  лекарите се должни да ги почитуваат правата на пациентите, јавно да не ги изнесуваат тајните што ќе му бидат доверени во вршењето на професијата, а професионалната тајна треба да им биде на прво место, за да не се изгуби довербата во нив, и да не ги изнесуваат нивните особености“, велат од НВО„КХАМ“.

Од таму потенцираат дека според многубројните коментари на социјалните мрежи очиглено е дека се повредени емоциите и чувствата на Ромската етничка заедница и велат дека “во најмала рака она што може да го стори директорката е јавно да ја корегира својата изјава и јавно да се извини на Ромскиот народ за изнесените навреди и клевети за  што е предвидена граѓанска одговорност“. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави