Брзи тестови за корона во поликлиниката во Ѓорче

Граѓаните преку телефонот 02/2041625 денеска закажуваа тестирање со брз тест во поликлиниката во Ѓорче Петров. Тестот чини илјади денари, а резултатите се добиваат од 15 минути до половина час.

Некој од нив имаат симптоми, а други се среќни што се негатвни на тестирањето. Тие велат дека матичнит доктори се целосно блокирани и немаат термини.

Забуна внесе најавата од Министерството за здравство дека има донација од тестови за ковид кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Меѓутоа од министерството тврдат дека донацијата ќе биде за болниците и центрите за јавно здравје, а набавените четири илјади брзи тестови во поликлиниката Ѓорче Петров ќе се користат од страна на граѓаните.

Total
0
Shares
Поврзани објави