Следната недела ќе се разговара за отворање на границите со земјите од регионот

Следната недела ќе се дискутира за евентуалното отворање на границите со земјите од регионот . Земјите од Западен Балкан, како и Грција и Бугарија, повторно ќе се поврзат „on-line“ за да го координираат движењето на граѓаните, но и ситуацијата со пандемијата.

Заменик- министерот за здравство, Арменд Арслани рече дека земјите од регионот се согласиле да подготват документ за заеднички протокол за границите.

„Работните групи  имаaт размена на информации во текот на целиот период и сега чекаме конкретен одговор за време на видео конференцијата – да имаме усогласен и конкретен протокол со сите начини како ќе продолжи најлесното движење на сите патници, но секогаш имајќи контрола врз ширењето на корона вирусот“.

Слободно движење без тест и без други ограничувања Северна Македонија во моментов има само со Албанија. Додека олеснувањето на движењето зависи и од епидемиолошката состојба, која кај нас врз основа на бројките, се подобрува. По неколку месеци, бројот на активни случаи падна под 2000 односно денес има 1895 активни случаи.

„Во последните 24 часа од извршени 1384 тестови, регистрирани се 99 нови случаи. 8 лица починаа: две од Тетово, две од Охрид и по едно од Скопје, Струга, Дебар и Делчево. Денес, Институтот за јавно здравје идентификуваше 214 случаи на излечени “.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 15 илјади и 226 позитивни случаи, додека бројот на излекувани достигна 12 илјади и 700. Со последните 8 починати, бројот на смртни случаи од Ковид -19 се искачи на 631. Досега извршени се 159.387 ПЦР тестови, од кои 9,5% биле дијагностицирани со коронавирус.

Total
0
Shares
Поврзани објави