Словенија ги затвора општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките. Од вечерва стапува на сила забрана за движење надвор од општинината во која што се престојува, најави премиерот Јанез Јанша. Ограничувањето на движењето надвор од општините прво ќе биде во сила седум дена за целата земја, а олеснување на мерките потоа ќе се воведе постепено по региони кои први ќе го ограничат ширењето на епидемијата, објави Јанша на својот профил на Твитер.

„Бројот на нови случаи на Ковид-19 расте, затоа воведуваме нови мерки од владиниот план за контрола на ширењето на епидемијата“, рече тој. Јанша истакна дека засега нема да има потреба да се сместуваат болни во шатори или други слични установи.

Во Словенија, во саботата се потврдени 1.675 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа пет пациенти, што е втор најголем број на пациенти од почетокот на епидемијата. Бројот на пациенти во болниците продолжува да се зголемува, каде во моментов има 508 заразени, од кои 71 се во одделенијата за интензивна нега.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави