Доказите што вчера ги оспори одбраната денеска се најдоа на судењето за нарачателите на крвавиот упад во Собранието на 27 Април 2017 година. Преку СМС и Вибер пораки, Обвинителството во Кривичниот суд ја презентираше координацијата на обвинетите нарачатели упадот, попознат како крвав четврток.
Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски давале насоки за мобилизација на членството на ВМРО ДПНЕ. Со своја улога е и тогашниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.
Додека Обвинителството ги покажуваше овие пораки, во судницата обвинетите Миле Јанакиески и екс директорот на УБК Владмир Атанасовски постојано беа на нивните телефони.
Со пораките како докази во предметот за нарачатели на собраниските инциденти, Обвинителството ја заврши својата доказна постапка пред судот. На наредните судења ќе се презентираат доказите на одбраната. Први на ред ќе бидат на Трајко Вељаноски. Судењето продолжува в петок. Р.Д.