Со црн спреј исфарбана таблата пред споменикот на Филип Втори во Битола

Новата табла која беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори  на плошадот Магнолија во центарот на Битола, е исфарбана со црн спреј.

На таблата имаше објаснување дека се работи за историска фигура која припаѓа на античката хеленистича историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.

Тесктот беше напишан на македонски, и на англиски јазик.

Објаснувањето на металните плочи пред спомениците е дел од обврските од Преспанскиот договор постигнат меѓу Грција и Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави