Со камион полн марихуана со 400 денари сакал да поткупи полицајци

Албански државјанин се обидел да ги поткупи полициските службеници кои го сопреле при сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп-Градско. Во документите што ги приложувал на полицијата, 40-годишниот возач на камионот ставил и 400 денари за да не го претресуваат возилото во кое превезувал голема количина марихуана.

„Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него. При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски пакувања“,

се наведува во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп го гони за две кривични дела – давање поткуп и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и сусптанции. Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомниченото лице со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пејачот Даниел Кајмакоски ја пријави екс сопругата во полиција, му ставила дрога во кафето па завршил во болница

Јавен обвинител ја разгледува пријавата која популарниот македонски пејач Даниел Кајмаковски ја поднел против својата поранешна сопруга за…