Сопственикот на „Дурмотурс“ пуштен од притвор

Сопственикот на „Дурмотурс“, Дурмиш Белули, обвинет за несреќата кај Ласкарци, е пуштен да се брани од слобода со понудена гаранција.

Кривичен совет уште на 21 октомври прифатил укинување на мерката притвор со гаранција. Но Белули неофицијално е пуштен од притвор минатата недела откако по жалба на Обвинителството, Апелацискиот суд го потврдил истото решение.

На Белули му се одредени мерки за претпазливост, одземен му е пасошот, треба да се јавува во суд, има забрана за приближување и контакт со оштетените и обвинетите, има забрана за преземање на работни активности и забрана за користење на сертификат од областа на транспортот.

Во несреќата што се случи во февруари загинаа 16 лица, а десетици беа повредени. Сега во тек е судењето за несреќата.

Total
0
Shares
Поврзани објави