Спасувал повредени кога камион го приклештил на шлепер

Еден од жртвите во стравичниот верижен судир кој во вторникот се случи на автопатот кај Јагодинаи е Пеѓа Антонијевиќ(31) од Пирот. Пеѓа возел камион, излегол од возилото како би помогнал на повредените во судирот, но во тој монент на него налетал камион и го фрлил на шлепер. Несреќеното момче останало приклештено меѓу двете товарни возила и починал. Зад себе оставил тригодишен син, сопруга, брат и неутешни родители. Тој практично го издржувал целото семејство- тврдат блиските на Пеѓа.
Втора жртва чија потресна приказна ја пренесуваат српските медиуми е Марија Чајетинац(33) од Дубље кај Трстеник. За нејзината смрт родителите први виделе на телевизија и кога и зазвиниле на телефонот се авил полицаец кој им кажал дека ќерката им е мртва. Со неа во автомобилот имало и куче кое не е пронајдено.
Во сообраќајката загинаа и судија од Апелациониот суд во Крагуевац нејзиниот сопруг и двајца македноски државјани.

Total
0
Shares
Поврзани објави