Спортските сали ги заменија со компјутери: Како се снаоѓаат наставниците по Физичко образование?

Далечинското учење е во полн ек и преку различни платформи и апликации професорите и наставниците ја остваруваат комуникацијата со своите ученици. Секој професор на различен начин пристапува и се труди на учиниците да им го пренесе своето знаење по предметот за кој е специјализиран.

Во целава оваа ситуација сите сметаат дека часовите по Физичко образование се тотално изгубени, но со својата работа ова го дематира наставник од едно основно училиште во Скопје, кој работи со учениците од шесто до деветто одделение.

„Часовите ги држам преку ZOOM во предходно договорено време со уцениците. Работам по наставната програма. Со учениците разговараме за наставната единица, поставувам прашања и им давам за задача да направат вежби и да ми  испратат видео од истите.“ – вели тој.

Истакнува дека е задоволен од работата на учениците со оглед на моменталната ситуација и условите кои ги имаат.

извор: hastag.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Владата го задолжи МЗ вo рок од два дена да достави информација по објавената сторија за случувањата поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција посочи дека е побаран вонреден инспекциски надзор во Клиничката…