ССМ алармира на кршење на работнцичките права во кризно време

Сојузот на синдикати на Македонија предупредува дека короно кризата се користи од рабодавците за кршење на работничките права.

„Дел од работодавачите не ги продолжуваат договорите на определено време, со образложение дека не се обврзани да ги задржат тие вработени, бидејќи им истекол договорениот период. Најновите сигнали за прекршување на работничките права пристигнуваат од мајки на деца од претшколска возраст, кои се жалат дека мора да одат на работа или ќе добијат отказ, а градинките не се отворени. Тие се уценувани да одат на работа или ќе добијат отказ и покрај тоа што нема кој да им ги чува децата “, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тие додаваат дека дел од работодавачите ја користат кризата да го намалат бројот на вработените, без разлика на заштитата од владините мерки.

–Предвидувајќи дека ќе се случат вакви работи, ние уште на почетокот на кризата се боревме да ги заштитиме работниците. Во зависност од стажот, лицата што се отпуштени, а биле со договор на определено имаат право на надоместок, максимум до 12 месеци, а за оние што беа отпуштени во периодот од 11 март до 30 април, се изборивме да добијат надомест за два месеца – посочуваат од ССМ.

Од најголемата синдикална организација се надеваат на брзо формирање на новата влада, сѐ со цел да се продолжат сегашните економски мерки за ублажување на економската криза.

Освен дијабетичарите, на листата ослободени од работа се и оние со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни и малигни заболувања и имунокомпромитирачки состојби.

Проценките говорат дека од почетокот на кризата како новоневработени се водат околу 20.000 лица. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави