СТОЈАН АНДОВ во најновата книга со детали – Кој сакаше да го тргне Глигоров

Видеото е дел од извадоците од книгата „Пред атентатот и по него“ што беа посебно акцентирани на вечершаната промоција на избрани дела од Стојан Андов, а во кој Андов разговара со поранешниот претседател на државата, Киро Глигоров.

Андов во книгата споделува повеќе сеќавања и дијалози, па во еден дел кој беше прочитан на промоцијата, тој открива дека имале несогласувања со експремиерот Бранко Црвенковски, но особено со тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски. Глигоров, како што се наведува во книгата, сметал дека Андов е човекот кој треба да го наследи на функцијата – претседател на државата.

Андов пишува и за денот на атентатот врз Глигоров, дека по само неколку минути откако бил известен што се случило, отишол да го посети претседателот во болница.

По посетата на Глигоров, Андов како што пишува во книгата, заминал во својот кабинет каде го повикал Црвенковски. Црвенковски пристигнал со министерот за здравство Илија Филипче , министерот за правда Владо Поповски и уште двајца други, но меѓу нив не бил и министерот Фрчкоски.

„Ми привлече внимание што за време на нашиот разговор ми се јави Слободан Милошевиќ. Стојане што се случува со Глигоров таму кај вас? Му кажав дека Глигоров е жртва на големо злосторство, но првите оцени на нашите лекари се дека ќе може да се спаси. Ме праша дали може да помогне… Ми падна во очи што на оваа наша средба не е министерот за внтарешни работи Фрчкоски. Го прашав Бранко каде е Фрчкоски? Тој ми рече дека не знае точно каде е, но некој му кажал дека министерот заминал накај Крива Паланка. Невозможна и многу сомнителна работа“, пишува Андов.

На промоцијата говореа и академик Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, амбасадорот Љупчо Арсовски, како и надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов.

На промоцијата која се одржа симболично на 83 роденден на првиот претседател на Собранието на РМ, присуствуваа дипломати, професори, новинари како и премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес – да ги мотивираме младите да останат во државава

– Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме…