Стручната комисија утврди зошто и биле извадени органите на Веапоска

Случајот со родилката Јилдиз Веапоска е пред самиот епилог откако денеска беше завршен стручниот надзор на Министерството за здравство во болницата во Струга.

Како што дознава „Слободен печат“, единствена недоследност во нејзиниот случај е грешката со полот на бебето, кое било заведено како машко, а Веапоска родила девојче.

Поради проблеми и болки кои се јавиле по породувањето, таа морала да биде повторно оперирана. При отварање на абдоменот, констатирано е крварење околу репродуктивната регија и бубрезите. Како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

(ВИДЕО) Лила Филиповска за канцерот: Најтешката работа ми беше да му кажам на мојот син – кога ми ги кажаа резултатите, тој беше со мене и јас му реков „Сине канцер е ама ќе го средиме“

Каде е свеста на пациентите кои дозволуваат да бидат прегледани од радиолог? Ние имаме проблем со свеста кај…