Струјата поскапува, се укинува евтината тарифа?

Деновиве се очекува РКЕ да ја утврди цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат во следниот период. Трите компании, државните ЕСМ и МЕПСО и приватната ЕВН веќе ги доставија своите пресметки на материјални трошоци, по што РКЕ ќе ја утврди новата цена. Според информации на дел од медиумите се размислува и за укинување на евтината тарифа, која беше воведена пред околу две години. Од РКЕ велат дека во петок ќе се знае. Тогаш треба да се утврди новата цена за топлинска енергија, која според некои информации ќе се намали.

Застапниците на идејата за укинување на евтината струја е со став дека цената на струја во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас модел на користење на струја како евтина тарифа нема никаде.

Граѓаните на земјите членки на ЕУ плаќаат повисока цена во последнава година, во споредба со претходниот период. Од 2018 година до средина на 2019 година просечно цената на струјата се зголемила за 1,3%, покажуваат податоците од Еуростат. Според податоците на Еуростат скоро 41 отсто од цената на струјата отпаѓа на даноци. Покрај цената на струјата раст од 1,7 отсто е забележан и кај цената на гасот.

Total
0
Shares
Поврзани објави