Струшките ученици продолжија со бојкотот на онлајн наставата

Струшките ученици од двете гимназии, „Ибрахим Темо” и „Нико, паралелките на Албански наставен јазик, денеска го продолжуваат бојкотот на онлајн наставата и бараат таа да се одвива во училишните клупи. Тие тврдат дека онлајн платформата не функционира и дека многу нивни соученици немаат опрема да ја следат истата.

Гимназиалците велат дека ќе бојкотираат се додека Министерството за образование и наука не го слушне нивнмиот глас.

„Владата ги затвори училиштата, а кафеаните се преполни, плажите во Струга цело лето беа преполни“ изјавиле учениците за медиумите.

Тие испратија писмо до министерката за образование, Милка Царовска, во кое велат дека нема да потклекнат на притисокот да се прекине бојкотот.

„Сакаме да ви покажеме дека бојкот има од учениците, каде што од 250.000 ученици само 88.000 се вклучени во платформата, а 40.000 немаат услови и другиот дел се тие што бојкотираат“, пишуваат учениците.

Total
0
Shares
Поврзани објави