Талат Џафери ја напушти инфективната клиника – утре ќе претседава со конститутивната седница

Утрово и Талат Џафери ја напуштил инфективната клиника каде беше хоспитализиран изминативе десетина дена и веќе најави дека е извесно дека тој ќе претседава со конститутивната седница.

„ Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ –  изјави Џафери.

По долга пауза утре повторно ќе заѕвони собраниското ѕвонче кое треба по десетти пат да ги собере новите македонски пратеници на конститутивната седница која за прва пат, поради корона вирусот ќе се одржи во големата купола на Собранието. Тоа ќе биде и официјален старт на преговарачкиот процес кој треба да резултира со формирање на ново мнозинство кое ќе ја избере новата македонска Влада.

Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кандидатите за техничката влада – партијата останува на ставот дека нејзините пратениците нема да ја гласаат

ВМРО-ДПМНЕ  на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,…