Татко со корона му ја дал својата квота кислород на синот и починал

Пациент заболен од Covid-19 во Украина ja отстапил својата ограниченa квота на кислородна поддршка на синот, исто така, заразен со коронавирусот, по што починал.

За трагедијата преку социјалните мрежи информираше една волонтерка, која им помага на хоспитализираните пациенти.

Волонтерката Дана Јароваја објави дека болниците во Киевската област немаа доволно кислородни концентратори за пациентите со Covid-19. Поради тоа, на пациентите со тешка форма на болеста им е ограничено да дишат кислород 15 минути во денот.

Таа додава дека не ѝ е познато дали синот на починатиот во вторникот продолжува да го добива „татковото следување“ од кислород.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот Украина вкупно потврдила 536.857 случаи на заразата, од кои 10.681 случај во текот на средата, досега оздравеле 241.444 пациенти, а евидентирани се 9.603 смртни случаи поврзани со Covid-19.

Total
0
Shares
Поврзани објави