Телото на старецот кој изгоре во куќа во Велес се уште не е пронајдено

Иако работеа цел ден, крим техничарите на откривање на телото на велешанецот Миле Паунов кој загина во пожарот во Велес и ангажираната механизација на расчистување на гаражот и остатоците од куќата во комплексот Варналиите, сеуште не е пронајдено. Првите претпоставки беа дека затоа што тој користел само една соба на вториот кат од семејната куќа треба да се пребарува тој дел од купиштата со гараж. Но, до овој момент телото на осумдесетгодишниот велешанец не е пронајдено.

Денеска продолжува увидот и расчистувањето на куќата која е историски споменик. Пожарот се случи петокот околу полноќ. Неколку куќи беа во пламен , помагаа пожарни од соседните градови. Првично се претпоставува дека пожарот е од греалка или опушок од цигара.

извор фото : дума.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави