Трудница се породила во такси во дворот на велешката болница

Жена се породила во такси возило во дворот на велешката Болница. Оттаму велат дека бебето е здраво и живо заедно со мајката.

Породувањето се случило утринава пред седум часот, а сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа. Една од нив била прва која притрчала на помош.

Таксистот ја отвори вратата од автомобилот и кажа дека жена се породува, по што една од медицинските сестри од детско, веднаш притрча, помагаше, дојдоа и сестри од Акушерско одделение и жената се породи во колата – вели сведок за Курир.мк за несекојдневното породување.

Од Општа Болница Велес информираат дека ова е второ дете за мајката.

Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение.

Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50см. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба – соопшти портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова.

Total
0
Shares
Поврзани објави