Албанската полиција уапси двајца цариници вработени на граничниот премин Горица на албанско-македонската граница кај Стење, под обвинение дека овозможиле шверц на грав од Македонија.
– Поради злоупотреба на службената положба за лична корист, уапсени се цариниците од граничниот премин Горица, Гентиан Кецо (34) од Бабан кај Девол и Хектор Марино (39) од Корча. Уапсен е и Петре Митре (27) од селото Глобочани, општина Пустец, кој од Македонија внел 1,3 тони грав, соопшти Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.
Запленетиот грав бил натоварен во возило марка „Фолксфаген”, а цариниците дозволиле да мине без да да биде извршена контрола и потребната царинска процедура.
Уапсените ќе одговарат за „злупотреба на службета положба” и „недозволена троговија” пред судот во Корча.
Поврзани објави
Го убил и закопал братот во дворот – злосторство во Гиновце
Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.…
Пожарите подметнати, грчките власти немаат оправдување за лошата евакуација
Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас, на вонредна прес-конференција кажа дека има сериозни индиции дека катастрофалниот пожар…
Загина рудар, паднал во јама
Рудар го загуби животот во несреќа во рудникот во Крива Паланка. Од МВР се уште нема официјална потврда…
Сојуз на средношколци: Од утре, матурантите, продолжуваат со бојкот на наставата
Сојузот на средношколци, по вонредната седница на Генералното собрание одржана синоќа, соопшти дека е одлучено да продолжи бојкотот…