Уапсените дилери на дрога во Прилеп имале заштита од полицајци

Шест лица припадници на криминална група се уапсени во синоќешната акција на полицијата во Прилеп, а вмешани се и полицајци за кои се води истрага.

По вчерашната полициска акција во Прилеп, а по претходно петмесечно следење, денеска се уапсени шест лица на возраст од 31 до 41 година. Се сомничат за продажба на дрога. Приведените се на возраст од 31 до 41 година.

Од Полицијата информираат дека освен што е приведена шестчлената група, вчера бил извршен и претрес на 16 локации, при што биле одземени три возила, џип, мобилни телефони, пари и дрога.

Организторите имале соработка со полициски службеници и влијаеле врз нив да не ги гонат за криминалните активности и трговијата со дрога. Од МВР велат дека имаат докази и за вмешаност на полицајци.

– Во вчерашните приведени нема полициски службеници, но имаме веќе обезбедени докази за инволвираност, односно поврзаност на полициски службеници со овие криминални структури и се разбира во наредниот период ќе работиме на тоа да има кривична одговорност и за нив, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Истрагата продолжува и во насока на утврдување одговорност на полицискте службеници, но и за други лица за кои постојат основи на сомневање дека се вмешани во трговија со дрога, соопшти МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави