ЕКСКЛУЗИВНО : Убиецот на сопругата во Речица пиел кафе на сред село ,а полицијата се уште го бара !

Убиецот кој синоќа ја застрела сопругата во куќата на нејзините родители и побегна утринава пиел кафе во село Лисец. Според информации од терен тој од местото на убиството побегнал со совојот голф и дошол до село Горно Палчиште, а потоа пешки заминал до родното село Лисец каде ја поминал ноќта. Утрината бил во локалната кафитерија и спокојно пиел кафе. Локалните жители го познаваат и велат дека работел во Ирак преку познатите програми на фримата Еколог од Тетово. Откако се вратил се однесувал чудно и невообичаено, па некои тврдат дека имал и психички проблеми.

Полицијата се уште го бара а утринава во билтенот пишуваше дека синоќа околу 22.35 часот на улица „Љуботенска“ во село Мала Речица, тетовско, А.К.(53) село Мала Речица со пиштол пукал во неговата сопруга Х.К.(52), по што таа починала. Подоцна, А.К. пукал и во возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопственикот Р.Џ.(50), а кое било паркирано на улица „179“ во Мала Речица, но не го повредил. Потоа А.К. побегнал со своето возило. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово. На двете места каде е пукано биле пронајдени и подигнати по две чаури калибар 7,62 мм.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русија исфрлена од Евровизија

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето…