Учебната година ќе почне онлајн, за децата до трето одделение ќе решат родителите

Комисијата за заразни болести, министерството за здравство и министерството за образование, донесоа одлука околу почетокот на новата учебна година. Таа треба да почне онлајн, но родителите на децата до трето одделение ќе имаат избор, односно ќе може да бираат дали нивните деца ќе следат настава со физичко присуство.

„Факт е дека децата треба да поседуваат настава. Образовниот процес е од неспорно значење, но мора да ги заштитиме децата и родителите.

Препорака е наставата да продолжи онлајн, со два исклучоци. Родителите на децата од прво до трето одделение ќе може да бираат нивните деца да посетуваат и настава со физичко присуство, со оглед дека сите проценки велат дека кај најмалите деца инциденцата е најмала, и имаат главно лесна форма на болеста.

Вториот исклучок е во оние општини каде што во училиштата има мал број на ученици. По нивно барање може да се следи настава со физичко присуство. И тука е неопходна согласност од родителите“, рече министерот Венко Филипче. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави