Од септември училиштата не се отварат за учениците

Сите ученици, освен првооделенците, од 1 септември наместо на училиште ќе ја следат наставата од дома онлајн. Тоа го предлага Комисијата за заразни болести поради страв од натамошно ширење на заразата со коронавирус во земјата.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го соопшти планот на Комисијата кој треба да се разгледува и од Владата. Конечната одлука треба да се донесе за неколку дена откако ќе се дискутира и со Министерството за образование. 

„Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во оваа ситуација, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, што може да не чека, не само ние, ниту една земја во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“, изјави денеска Филипче. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави