Уште еден бизнисмен на распит за случајот „Рекет“

Сопственикот на компанијата „Дрим Билдинг“ денес е на распит кај обвинителската Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.

Ардијан Амзоски во Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе даде исказ за случајот.

Бизнисменот, како што претходно објавуваа медиумите,  наводно му платил 261.853 евра на Боки 13 за специјалната обвинителка Катица Јанева да му повлече обвинение.

Од Компанијата „Дрим Билдинг“ ги отфлија ваквите натписи велејќи дека парите му се платени на Меѓународниот сојуз за стратешко партнерство и деловна соработка и дека откако здружението на Боки 13 и координаторот на проектот Јасна Мандиќ не ги исполниле своите обврски од договорот, „Дрим Билдинг“ поднел тужба во Основниот граѓански суд

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на кои им е одреден притвор.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

КОМАНДИРОТ СРЃАН СО БОГАТО ДОСИЕ НА ИНЦИДЕНТИ Жесток фраер под заштита на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкциите, обвинува Левица

КОМАНДИРОТ КОЈ ПУШТИ УБИЕЦ БЕШЕ ДЕЛ ОД ИНЦИДЕНТИТЕ НА ИЛИНДЕН КОИ МАРЈАН СПАСОВСКИ ОДБИ ДА ГИ ИСТРАЖИ За…